Божествена Литургија во манастирот на Свети Атанасиј во село Журче
На 15 мај 2012 г. на празникот на Свети Атанасиј Велики архиепископ александриски, во манастирот Свети Атанасиј во демирхисарското село Журче, Неговото високо пресвештенство Митрополитот Преспанско- пелагониски и администратор австралиски господин Петар чиноначалствуаше со Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Божествената Литургија се посветија славските колачи и се послужи трпеза на љубовта.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев
Лето Господово 2012