логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВА КНИГА НА ПРОТОПРЕЗВИТЕРОТ ПРОФ. Д-Р АЦО ГИРЕВСКИ, ДЕКАН НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Girevski.Aco.dekan.jpg

Girevski.Aco.dekan.jpg

 

РЕЦЕНЗИЈА на трудот од проф. д-р Ацо Гиревски
„Употребата на македонскиот јазик во Црквата“

Проф. д-р Гиревски е присутен на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, уште од неговото основање и е еден од првите учесници во конституирањето, развојот и унапредувањето на наставно-образовната дејност на Факултетот.
Денес е редовен професор и декан на Факултетот. Нашето познанство и пријателство е од научно-истражувачките и од наставничките денови од пред дваесетина години и трае до денес. Додека, пак, нашата соработка започна интензивно преку работата на неговиот докторски труд на тема „Преводот на Библијата на современ македонски јазик“, што успешно го одбрани во 2003 година, но и врз други проекти од областа на средновековната книжевност, литература и култура.
Иако главната научна преокупација на проф. Гиревски е од областа на теологијата, пастирско-омилитичкото богословие, веронауката во образованието, историјата на МПЦ, улогата на македонскиот превод на Библијата во современата мисија на Црквата во татковината и меѓу Македонците во дијаспората и сл., тој, сепак, пишува текстови од областа на македонскиот литературен јазик, неговата употреба, чување и промовирање, а особено за македонскиот јазик во современиот превод на Библијата и богослужбените текстови.
Во таа смисла проф. Гиревски во годините наназад скоро да е редовен на Меѓународните семинари за македонски јазик, лите ратура и култура, кои секоја година се одржуваат во Охрид во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ -Скопје. Минатогодишната негова тема на семинарот, на пример,го третираше прашањето за (и против) воведување на народниот јазик во богослужението, како предуслов за духовна обнова кое предизвика голем интерес и внимание кај слушателите. Тој,исто така, учествува на научни собири во земјата и во странство, уредува или членува во редакцијата на периодични изданија, во коишто се обработуваат теми од областа на црковната книжевниост, библистиката и библиската теологија („Православен благовесник“ и „Годишен зборник на ПБФ“, „Кирилометодиевистика“ и др.).
Проф. д-р Ацо Гиревски досега има објавено над 10 книги и околу 100 статии што јасно укажува на неговата творечка активност во областа на научно-истражувачката дејност. Мошне значаен елемент од научното дело на проф. Ацо Гиревски се и неговите истражувања во врска со Гавриловиот превод на Библијата и неговата улога во современата мисија на Црквата. Ракописот, којшто се предлага за печат, всушност ги содржи неговите досегашни размисли во врска со Употребата на македонскиот говорен (и литературен) јазик во Црквата, но и негови досега
необјавени текстови врзани со приближувањето на проповедта и богослужбата на разбирливиот македонски јазик, како и употребата
на македонскиот јазик во црковната администрација.
Во една пригода проф. Гиревски ќе нагласи: „Големо внимание треба да обрнуваме на нашиот јазик, оти преку јазикот ги прене суваме своите мисли на разбирлив говор. А тоа е мошне битно, зашто, ако народот во Црква не нѐ разбира, тогаш ништо не сме направиле“.
Исто така, авторот на друго место, укажува на важноста на јазикот и неговата употреба, промовирање и чување при нашите македонски
православни црковни општини во дијаспората и тоа, како на австралискиот, исто така, и на американскиот континент, а посебно во Европа. И сега, кога веќе сме оформени како Држава и како Црква со свој јазик, оти јазикот е еден од првите елементи на народноста, па и на верската припадност на крајот од краиштата, не смееме, вели авторот, и натаму бегло да поминуваме преку сите можни пропусти и грешки на сметка на македонскиот јазик.
Проф. Гиревски тврди дека со воведување на македонскиот литературен јазик во богослужбата, е отстранета препреката да се богослужи само на црковнословеснки јазик - како на „свет јазик“. А тоа што тој јазик е со долгогодишна употреба во Црквата, не значи дека е и неприкосновен. Црковнословенскиот јазик денес просто е неразбирлив за младите луѓе, па и за многумина верници веќе енеприфатлив. Време е значи да се излезе од досегашната практика и изолација со натамошната употреба во богослужбите и во молитвословијата. Конечно, според Гиревски не смее да се запостави основната суштина на вредноста на секој јазик кој е средство за евангелизација (Матеј 28,19). Новото време бара негување на убавиот и разбирлив збор.Таа промена е „историски и догматски исправна“, заклучува проф.Гиревски.
Ете во таа смисла е осмислен, концепиран и напишан овој негов труд насловен како Употребата на макдонскиот јазик во Црката, како
прилог кон зачувување, развивање и афирмација на македонскиот јазик.

Академик Ѓорѓи Поп-Атанасов

 

14 јули 2012 год.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

21/07/2025 - понеделник

+Св. великомаченик Прокопиј; Св. Прокопиј Јуродив; Преп. Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули  2025

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули 2025

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная