Dragi.sv.Teofil2.jpg

Скопје, 23 октомври   2012 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски

Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil2.jpg   Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil2.jpg

 На 23-ти  октомври   2012 година,  кога Светата Црква  молитвено  го прославува споменот на  Преподобен Теофил Исповедник (Струмички) и светите маченици Евлампиј и Евлампија,  во Соборниот храм на св.Климент Охридски,  во Скопје, протоереј-ставрофор Драги Костадиновски   одслужи  Божествена Литургија. На  Литургијата се причестиа со Светите Христови Тајни.

Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil.jpg

протоереј- ставрофор Драги Костадиновски- Слово за Христовата вистина

 “Постои само една вистина, а таа Вистина е онаа, поточно Оној што ни беше даден од Бога, Единородниот Син Нашиот Господ Исус Христос. Таа Вистина е спасоносна и надежна за сите луѓе. Сепак секој човек има своја вистина. Но, за Христовата вистина денес, но секогаш низ вековите се потсетуваме на оние кои што посведочиле за Вистината, за Христос во нивниот живот, а Црквата си спомнува за нив, и  тоа за Никомидиските маченици предводени од Евлампиј и Евлампија, мачениците од Зографскиот манастир и преподобниот Теофил Струмички.

Денес се потсетуваме и за друга вистина, за праведната државотворна борба на Македонците, но и другите правдољубиви народи од Македонија кои што беа водени од Христовата Вистина, за право и ползување на Евангелската љубов, а тоа е и слободата на живот што произлегува од Божјиот закон. Значи, не случајно е одбран 23 октомври за ден кога македонскиот народ се организира за да го оттргне многувековното ропство, токму кога Црквата потсетува на мачениците од Зографскиот манастир, кои посведочиле како се чува Православието и што треба да издржиме за Вистината.

За Божјата промисла (23.10.2012) 

Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil2.jpg

Dragi.sv.Teofil2.jpg


Dragi.sv.Teofil2.jpg

 Преминпортал (к.т.)

Лето Господово 2012