Дипломантот на нашата духовна академија, апостолот на Јапонија,
светителот Николај им оставил на потомците соборен храм, 8 големи храмови, 175
цркви, 276 парохии, израснал еден епископ, 34 свештеници, 8 ѓакони, и 115
проповедници
На 16 Февруари, Православната Црква го слави споменот на
прекрасниот светител од наше време, дипломираниот теолог на Петербургската
духовна академија, светиот рамноапостолен Николај, архиепископ Јапонски. Нам,
студентите на Петербургската академија, ни се посреќило: ние имаме можност да се
наоѓаме во ѕидовите, кои што воспитале голем број на светители, прославени од
Црквата, и необјавени, познати и непознати. Во денот на споменот на посебно
значајни за нашата Црква луѓе, неизбежно се замислуваш нза тоа и се проникнуваш
со атмосферата на тоа, за многу срца, драго место. Денеска нашиот збор е – за
светиот владика Николај (Касаткин), просветителот на Јапонија.
Светиот рамноапостолен Николај (во светот Иван Дмитриевич
Касаткин) се родил на 1 август 1836 година, во семејството на селски ѓакон. Иван
одлично ја завршил Смоленската духовна семинарија и бил препорачан во
Санкт-Петербургската духовна академија, која ја завршил со степен кандидат на
богословски науки во 1860г. Тој изразил желба да стане монах и да замине во
Јапонија но отвореното слободно место како свештеник во амбасадата. Самиот
владика Николај, подоцна се сеќава на тоа така: „По природа живо-радосен, јас не
се замислував над тоа, како да ја изградам својата судбина. На последниот курс
од духовната академија јас спокојно се однесував кон иднината, колку што можев
се радував и некако играв на свадбите на своите роднини, не мислејќи, дека за
малку време ќе бидам монах. Минувајќи еднаш низ академските соби, мене случајно
ми застана погледот на еден лист бела хартија, каде што прочитав вакви реченици:
„Сака ли некој да замине во Јапонија на должност настојател на црквата на
амбасадата во Хакодате и да пристапи кон проповед на Православието во таа
земја?“. А зошто, да не заминам јас? – решив јас, - и уште во тој ден на
сеноќното бдение јас веќе ѝ принадлежев на Јапонија“.
Повеќе: http://preminportal.com.mk/content/view/11555/54/
Подготви: Златко Дивјаковски
16-ти февруари, лето Господово 2013