логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Божествена Литургија на празникот на Свети Ѓорѓи Кратовски (24.02.2013 )


На празникот на Свети Ѓорѓи Кратовски (24.02.2013 г.), Епископот Лешочки г. д-р Јосиф, отслужи Света Божествена Литургија во црквата на Свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово. Светиот маченик Ѓорѓи Кратовски е патрон на градот Кратово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Денес Црквата празнува два празници. Денес го славиме споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, патронот на градот Кратово, но истовремено денес е и првата подготвителна недела на Великиот пост – неделата на митарот и фарисејот.

Драги браќа и сестри, кога говориме за свети Ѓорѓи Кратовски, предвид имаме едно момче на осуманесет години, за кое што животот што туку започнал. Момче, кое само што не започнало да му се радува на животот. Но, животот на свети Ѓорѓи ќе имаше трагичен крај, ако тој не беше христијанин. Иако многу млад, тој многу добро знаеше што значи да се живее, што значи да се радува со радост која никогаш нема да престане. Уште на осумнаесет години тој го откри животот што не завршува со смрт, животот во кој нема старост, животот во кој нема време. Кога од страна на агарјаните му беше понудено сето земно богатство, во очите на овој христијанин тоа изгледаше безсмислено. Кога му беше понуден живот што завршува кога тогаш со смрт, тоа за него не беше никаква алтернатива за вечниот живот. Страдањата на кои беше подложен, беа неспоредливи со вечното блаженство во Царството Небесно.

За каков човек станувало збор?

Возљубени во Господа, станува збор за човек христијанин, човек во сѐ ист како нас, но, човек што го нашол Христа, човек што копнее да биде со Христа. Уште овде на земјата свети Ѓорѓи Кратовски го вкусил Царството Небесно и за него било веќе невозможно да биде одделен од Бога. Храбро прифатил да страда за Христа, за на тој начин и јавно да посведочи за големината на неговата вера, за големината на Христијанската вера. Кратово денес слави, Кратово денес го прославува својот патрон, кој што се наоѓа пред лицето Господово и е наш застапник пред вечно живиот Бог. Таа радост со која ние денес го прославуваме свети Ѓорѓи, со таа радост тој се претстави пред својот Создател, затоа што знаеше дека смртта е победена.

Како што рековме на почетокот, во денот во кој што оваа година го славиме споменот на свети Ѓорѓи, ја славиме и првата подготвителна недела на великиот пост, неделата на митарот и фарисејот.

Драги браќа и сестри, во денешното свето Евангелие, слушнавме за една парабола, која што нашиот Спасител им ја кажал на своите ученици пред две илјади години, но тие зборови и денес го допираат нашето срце, иако се искажани толку одамна.

Параболата за митарот и фарисејот, ни говори за двете дијаметрално различни состојби во кои може да се најде секој човек. Да благодари на Бога со скрушеност, да го љуби секој човек, да ја освестува својата недостојност. Или спротивно на тоа, со вообразеност бесрамно да се фали, суетно да се издигнува и да го презира секој човек.

Светот што го живееме, толку многу застранил од вистинскиот пат, што не може да ја забележи сопствената суета и најтрагично од сѐ, таа суета ја смета за многу корисна особина.

Денес, најголема трагедија е што фарисејската суета, не застанува само на себе промовирање, туку таа ја развива омразата кон секој човек што нема да ја признае нивната величина. А самата омраза кон неистомислениците, се развива во нивно целосно исклучување или маргинализирање во општествениот живот. Неистомислениците се етикетираат, како луѓе кои што се против модернизацијата, луѓе што го стопираат развојот на човештвото, развој што се темели на развратот, на бришење на сите морални граници, на одрекување и секуларизирање на сѐ она што е свето за секој христијанин.

Ние сме повикани на борба, борба со силите и началствата од овој свет, а таа борба ќе ја добиеме само ако се наоружиме со заборавената, презрена и отфрлена христијанска добродетел – смирението.

Ако сме спремни, храбро пред себеси да го признаеме сопственото несовршенство, ќе можеме да го разбереме секој човек. Ако сме спремни да ги почитуваме Божјите заповеди, ќе можеме да го почитуваме секој човек, бидејќи е создаден според образ и подобие Божјо. Само ако се покаеме за сопствените гревови, ќе можеме да им простиме на другите луѓе.

Возљубени во Господа!

Наоѓајќи се на прагот на пролетта, кога настапува велигденскиот пост, светата Црква ни говори за смирението, покајанието, простувањето, љубовта – тоа треба да биде одлика на секој човек. По примерот на свети Ѓорѓи Кратовски, да не чекаме некое друго време, да не копнееме по минливи твари, туку да се обратиме кон Бога, да се радуваме постојано во Бога.

Царството небесно е овде, уште во текот на овој живот ни се дава можност да бидеме со Бога, на секоја света Литургија ние заедничариме, се соединуваме со Бога. Да ги отфрлиме старите навики кои не оддалечуваат од Господа. Можноста која ни се дава во Црквата, да се покаеме за своите гревови, да ја искористиме за да расчистиме со стариот човек. Така обновени во бањата на покајанието, преку постот да покажеме спремност за промена и да се содинуваме со Христа.

Возљубени во Господа, во деновите што доаѓаат, кога постепено ќе ни се навестува почетокот на постот, да размислуваме за својот живот, за тоа што треба да промениме, од што да се откажеме, во што да се усовршиме. Та благодатта на Пресвета Троица изобилно да ги излее своите дарови врз нас. Само така ќе можеме достојно да се поготвуваме за големиот празник кој доаѓа на крајот на постот, кога смртта се победува, кога влегуваме во радоста Господова, радост која никогаш не престанува.

Бог, по молитвите на свети Ѓорѓи Кратовски, чиј што спомен денес го празнуваме да ни дарува сили и да ги просвети нашите духовни очи, за да можеме да ја видиме радоста во невечерниот ден. Таа радост на Воскресението да биде со нас во текот на целиот живот.

Амин!

* * *

Поздравно Слово во општина Кратово, по повод патронот на градот – св. Ѓорѓи Кратовски.

Најпрво би сакал од свое име, и од името на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил да ви го честитам денешниот празник. Исто така, сакам да ви ги пренесам нашите најискрени желби за успех и напредок на општина во сите полиња каде што се манифестира нејзината дејност. А на секое семејство во општина Кратово, посакувам Бог да ги услиша сите молби упатени кон нивниот патрон свети Ѓорѓи Кратовски.

Возљубени во Господа!

Ние христијаните имаме слобода, да можеме лично да му се обратиме на Бога со молитва. Но, исто така ние христијаните имаме наши молитвеници пред Бога, кои постојано се застапуваат за нас.

Овде во Кратово, радоста е двојна, затоа што патронот на овој град е и роден Кратовчанец. Свети Ѓорѓи е роден во Кратово и е застапник за својот град. Тој не само што ја сведочел верата христијанска, туку претставува и сведоштво за верата во овој град.

Имајќи го него за застапник, да се угледаме на неговиот пример, на храброста да се сведочи и да се проповеда верата. Бидејќи верата во Бога го сочувала нашиот народ до денес, верата во Бога го сочувала и Кратово до денес.

Сигурен сум дека прославувањето на свети Ѓорѓи Кратовски е силно сведоштво за верата во овој град, а и во иднина ќе биде силен бедем кој што ќе не запази како народ верен на Црквата и обединет околу неа.

Драги Браќа и Сестри!

Живеејќи со Бога, се остваруваме како личности. И само на тој начин, можеме да им одолееме на сите искушенија кој доаѓаат со секој нов ден. Живеејќи со Бога, ние се воспитуваме и растеме со верата, и многу лесно можеме да ги препознаеме сите девијации на моралноста и етичноста. А моралноста и етичноста, се категории на кои особено внимание им посветува секоја власт. Меѓутоа, општинската власт има најконкретна можност да ја воспитува и образува моралноста и етичноста кај луѓето, бидејќи е во најнепосреден контакт со граѓаните.

Затоа, за особено поздравување е заедничкото прославување на патронот на Кратово, меѓу општината и Црквата. Од ваквата синергија во прославувањето на свети Ѓорѓи Кратовски, граѓаните на Кратово имаат најголема корист. Заедничкото прославување на свети Ѓорѓи Кратовски претставува најголем доказ, дека христијанските морални и етички вредности, се од особено значење за секој граѓанин во Кратово.
Да продолжиме и во иднина да растеме во верата и да го следиме примерот на нашите претци. Да го следиме примерот на свети Ѓорѓи, за тоа како се чува и како се сведочи верата.

Уште еднаш честитајќи ви го празникот на патронот на градот, свети Ѓорѓи Кратовски, посакувам тој да биде наш постојан застапник пред Бога и да не упатува на секое добро дело. А ние, како христијани секогаш ќе му се обраќаме со молитва и ќе го славиме неговиот спомен.
Бог по молитвите на свети Ѓорѓи Кратовски и на сите светии, да ги излие неговите богати дарови и да го благослови Кратово.

За многу години!

Извор: josif.mk

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

21/06/2026 - недела

Петровденски пости; (риба)

Св. Ефрем, патријарх Антиохиски; Преп. Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная