svspas.nedela.jpg svspas.nedela1.jpg


На празникот на преподобен Максим Исповедник, се  отслужи  Божествена Литургија во храмот Свети Спас- Драчево, Скопје. Певницата ја водеа учениците од Православната Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево- Скопје.

svspas.nedela2.jpg
svspas.nedela3.jpg
svspas.nedela11.jpg

 

svspas.nedela4.jpg
svspas.nedela5.jpg
svspas.nedela7.jpg 
svspas.nedela6.jpg
 

 
svspas.nedela8.jpg

На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

svspas.nedela9.jpg

svspas.nedela10.jpg


Преподобен Максим Исповедник

Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.(Од Верскиот календар на МПЦ )

 

svspas.nedela12.jpg
 

 
svspas.nedela13.jpg 
Посети:{moshits}