„ Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е : бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, озборувањето, лагита, прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставиме, постот е вистински благопријатен“.
На 18 -ти март 2013 година, во понеделник од правата седмица на Великиот пост, во присуство на Епископот Велички г. Јосиф, свештенството од храмот на св. Петка во Скопје, отслужи Вечерна богослужба со читање од книгата Битие (1,1-13), и од книгата на Соломоновите изреки.
По завршетокот на богослужбата се отслужиа молитви за упокоените.
Преминпортал (к.т.)
18 март, лето Господово 2013