На 19ти март 2013 година денот кога се празнува споменот на Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја, Блажениот Јов, Светите маченици и Конон таткото и Конон синот, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан заедно со Неговото преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф ги осветија новите простории на зградата на Фудбалската Федерација на Македонија која се наоѓа во н. Ново Лисиче во Скопје.
Извор: Скопска епархија