dvor.svnikola6.jpg
Денес, зборот љубов е исклучително популарен збор. Гледаме дека во името на љубовта се вршат престапи и други работи кои се косат со здравиот разум, и коишто се прикриваат позади идејата дека се прават од љубов. Многу често љубовта се пројавува како најсилна енергија на нашиот егоизам. Затоа не многу ретко се среќаваме со појавата – човек кој мисли дека го сака ближниот, а всушност го мрази, не му остава слобода, не го остава да се усовршува во неговата независност, во неговата личност, а сака да го покори, да ја избрише неговата индивидуалност поради својата голема љубов. Најтрагичното е што не разбираме дека таа т.н. љубов не е вистинска љубов, туку плод на нашиот болен егоизам. Заради тоа отците како предуслов за вистинска љубов го ставаат смирението, тоа всушност ја претставува идејата човекот да не сака ништо за себеси, да не бара ништо за себеси туку за другиот. Христовата љубов е среќа, и таа е неспоредлива со ништо на светов. Таа е таква состојба, толку богата, голема, непроценлива, и на овој свет нема ништо со што би можеле да ја споредиме. Отците стигнале до таму да зборуваат за Христовата љубов со силни зборови и со големи примери, но и тие не биле доволно силни за да ја претстават реалноста за Христовата љубов. Тоа е само едниот аспект на љубовта - среќа и усовршување на нашата личност.
Повеќе
22 март, лето Господово 2013