Скопје, 31.03. 2013 год.- храм Свето Благовештение
На 31-ви март 2013 година, во Недела на св. Григориј Палама , кога светата Црквата молитвено го празнува споменот на свети Кирил, архиепископ Ерусалимски и свети Анин Чудотворец, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По отслужената Божествена Литургија, протоереј Душко Наумоски во Клиниката за детски болести, во Скопје, го изврши чинот на Светата Тајна Крштение, и ја приведе кон Христовото стадо малечката Ања.По молитвите на свети Кирил, архиепископ Ерусалимски, Господе Исусе Христе, помилуј не...
Печатот Христов се втиснува во целата природа на Христијанинот. Оној што го носи ќе појде среде смртната сенка, и нема да се уплаши од злото.
За да бидеме такви; ние имаме тајни - Крштевање и Причестување, што на грешниците, по крштевањето, делува на покајанието. Сепак, и тоа е од Господа. Во наш удел, пак , спаѓа да во својот дух образуваме погодни расположенија за нивното примање - верата, која исповеда: "Јас пропаднав , но се спасувам само во Господа Исуса Христса", љубовта, која ревнува се да му посвети на Господа; ништо не штедејќи; надежта, која не се надева на себе си, но е убедена дека нема да биде оставена од Господа, очекувајќи секаква помош од Него, било внатрешна или надворешна, во текот на целиот свој живот, се додека човекот не биде земен таму каде што е и Тој самиот.(св. Теофан Затворник)
Преминпортал (к.т.)
31-ви март, лето Господово 2013
Друго:
Во посета на болни - Клинички центар, Скопје (28.01.2013)