Солун, 16. 04.2013 год.- Богословски факултет
На 16-ти април,на покана на Богословскиот факултет во Солун, гостуваше Волоколамскиот митрополит Иларион Алфеев, кој е претседател на секторот за надворешни врски на Московската Патријаршија, а воедно и професор на повеќе Духовни академии во Русија и странство. Основна тема на излагањето на митрополитот Иларион, беше: Богословското и религиозно образование во Руската црква. Омилијата беше произнесена на грчки јазик од страна на самиот Митрополит, кој говори уште 5 други јазици, во присуство на голем број професори и студенти. Подоцна, по прашање од студентите, стана збор и за православната мисија на Московската Птријаршија во Кина и Јапонија. Посетата на Митрополитот Иларион следуваше после неговата неколкудневна посета на Света Гора.
Волоколамскиот митрополит беше срдечно поздравен и од словенскиот хор при факултетот, „Св. Кирил и Методиј “, кои му посакаа многуденствие на познатиот гостин, пеејќи му многулетствие и неколку други песнопениа на словенски и грчки јазик.
За Преминпортал,
Александар Димоски,
17.04.2012 – во Солун