Љубанци, 17.04.2013 год.- манастир Св. Никола
Свети Силуан Атонски
Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он
толку многу нè возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нè учи на сè она што е
добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое
милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не
ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го
собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот
Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното. А кој ја позна
сладоста на Светиот Дух, тој знае дека таа не може да се спореди со ништо. И не
може повеќе да биде поробен од ништо на земјата, но поробен е само од љубовта
Господова. И тој е покоен во Бога, и се радува, и плаче за луѓето, што не Го
познале Господа, и ги сожалува.
Молитва:
Боже бесмртен, дај ни непрестајно да се угледаме на Исуса,
Почетокот и Крајот на нашата Вера. Секогаш скрушено и скромно да Ти благодариме
Тебе, борејќи се да бидеме деца Божји и преку молитвите и вечното застапништво
на Пресветата Богородица, да се утврди нашата надеж и вера во Тебе. Амин
Преминпортал (к.т.)
17-ти април, лето Господово 2013