Заглавен стојам во
духовната кал, а нема снага ни храброст во мене, совладан сум од бура на
прегрешенија. Погледни на мене, Дево, те преколнувам Тебе, која го роди Словото,
единствениот Човекољубец. Избави ме од секој грев, од сите душегубни страсти,
секакво непријателско зло, за радосно да ти пејам: Моли Го Синот Свој и Бог,
Непорочна, прошка на гревовите да им дарува на оние кои со вера прибегнуваат кон
Твојот покров.
Утрена, петта недела од Постот
Поуки од светите отци: Духот на кротоста не се вселува таму каде што гнев или
страст пребива.
Свети Јован Златоуст
Ќе ја отворам устата моја и со Дух ќе се исполни, слово ќе и
прословам на Царицата Мајка, светло ќе торжествувам воспевајќи ги сите Нејзини
чудеса.
Ирмос од Пофалбата
Молитва:
Пресвета Богородице, спомни нè во Твоето
застапништво пред возљубениот Син Твој. Заштити нè нас, нашите сродници и
ближни. Пресвета Мајко, се молиме во сиот свет да завладее мир. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 45, 11-17
Битие
22, 1-18
Соломонови Изреки 17, 17-28; 18, 1-5
Созерцание:
Разумниот е воздржан во зборовите свои, трпеливиот е подобар од оној што бара
знаење.
Соломонови Изреки 17, 27
Подготви:А.Л.
Свети Евтихиј, патријарх Цариградски
Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците на Црквата, како со својата ученост така и со благочестието. Кога настана препирка за тоа можат ли еретиците после смртта да бидат предадени на анатема, тој го застапуваше мислењето дека можат, повикувајќи се на 3 Книгата Царства 13, 1 - 8 и на 4 Книга Царства 23, 16. Многу му омиле на царот Јустинијан и на патријархот Мина. Царот често го прашуваше за совет, а Мина (кој во тоа време беше мошне богат) го назначи за свој наследник и го замоли царот тоа да биде спроведено и во дело. Така и беше. Свети Евтихиј мирно управуваше со Црквата дванаесет години. Но тогаш ѓаволот крена бура против него. Оваа бура го зафати и самиот цар Јустинијан. Имено, царот се опрелести и падна во монофизитската ерес на автартодокетите, која учеше дека Господ Исус и пред Воскресението имал Божествено и нераспадливо тело, без чувство за глад, жед и болка. Евтихиј одлучно стана против оваа ерес, заради што царот го протера во прогонство во неговиот прв манастир. Овде тој поживеа дванаесет години и осум месеци и се покажа голем чудотворец. Исцелуваше од разни болести со молитва и помазувајќи со елеј. Јустинијан се покаја и умре, а него го наследи Јустин, којшто го врати Евтихиј на патријаршискиот престол, на кој светителот остана до својата смрт мирно управувајќи со Црквата Божја. Во својата седумдесетта година, во 582 г. се пресели во Царството на Господ Христос, Кому верно и храбро Му служеше сиот свој живот.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)