Скопје, н. Јане Сандански, 19-ти април 2013 год. - параклис на св. Николај Чудотворец
КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од
зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост
имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се,
Невесто Неневестна!
ИКОС 4
Ја слушнаа пастирите ангелската песна
што го
воспеваше плотското пришествие Христово,
та поитаа како при Пастир,
да Го
видат кај лежи како Агнец непорочен,
одгледан во утробата на
Марија,
запеаја и вака • прословија:
Радувај се,
Мајко на Агнецот и
Пастирот.
Радувај се,
Трло на овците словесни.
Радувај се,
неволјо
за демоните невидливи.
Радувај се,
отклучување на портите
рајски.
Радувај се,
с¢ небеско со земното се радува.
Радувај се,
с¢
земно со небесното ликува.
Радувај се,
на Апостолите усто
непремолчлива.
Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави, Светата Дева ја
гледаме: зашто оган невештествен палејќи, сите во мудрост Божествена ги води, со
блесок умот го просветува и честена е со восклици вакви: Радувај се!
Од
Акатистот на Пресвета Богородица
На 19 април 2013 година, во петтата недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на свети Евтихиј, патријарх Цариградски, во параклисот на св. Николај Чудотворец, во Скопје, во присуство на многубројниот верен народ презвитерот Бобан Митевски во сослужение на ѓаконот Кире Горгиев, отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2013
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна
која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот.
Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен
настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се
посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата:
Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со
восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто
неневесна!“