На 03. 05. 2013 година, во светиот и Велики Петок, кога си спомнуваме за страшно страдање на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, отец Душко Пецов-од Зрновци, отслужи Царски Часови и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос.
Многуброен верен народ беше присутен на овие богослужби ,а она што особено радува е присуството на најмладите на кои отец Душко татковски и со голема љубов и посветуваше внимание.
Верниот народ од оваа наша црковна општина во дијаспората допринесуваат таа навистина молскавично да се развива и напредува,и стануваат пример како се сака својата Македонска Православна Црква -ОА и својата држава Р.Македонија.