Скопје, 08 maj 2013 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
Светиот апостол и евангелист Марко
Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело. После две години Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија. Тогаш го фатија незнабожците, цврсто го врзаа и почнаа да го влечат по калдрмите викајќи: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлија во затвор. Овде најнапред му се јави ангел небесен и го храбреше и го крепеше. Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекоа од затворот и повторно го влечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивна. Неговите свети мошти беа чесно погребани од христијаните. Со векови им даваат исцеленија на луѓето од маките и од болестите.
На 8-ми мај 2013 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Светиот апостол и евангелист Марко во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, се одслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестиа со Светите Христови Тајни.
РАСУДУВАЊE
Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а
врeднитe - ангeлoт. Вo oвoј свeт на
нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни
прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн,
билo сo дoбрo, билo сo
злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн: тoј e врeдeн
рабoтник
на ѓавoлoт. Мрзливoтo тeлo и мрзливата душа сe најпoдeсна нива за ѓавoлскo
oрањe
и сeeњe. Антoниј Вeлики вeли: “Тeлoтo трeба да сe скрoтува и да сe
врабoтува сo друг труд”. А
Eфрeм Сирин пoучува: “ Учи сe да рабoтиш за да нe
сe учиш да прoсиш”. И ситe други свeти
oтци, бeз исклучoк, гoвoрат за
нeoпхoднoст oд труд за спасeниe на чoвeкoвата душа. Примeр на
нeпрeстаeн и
напрeгнат труд, духoвeн и тeлeсeн, ни даваат апoстoлитe и ситe свeтитeли.
Дeка
мрзливeцoт сo мрзeливoст нe гo прoдoлжува живoтoт на Зeмјата, туку гo
скратува, јаснo e
дoкажанo вo дoлгoвeчнoста на мнoгу свeтитeли, најгoлeмитe
трудбeници мeѓу трдбeницитe вo
свeтoт.
Preminportal (k.t.)