Трета светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог (Скопје, 10-12 мај 2013)
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЈУБИЛЕЈНИ ГОДИШНИ
На 11 мај 2013 г. во хотелот Холидеј-ин во рамките на Конференцијата се одбележаа неколку јубилејни годишни. Модераторите – амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Ѓоко Ѓорѓески и г-ѓа Лила Мороз-Грзелак, ги воведоа присутните во значењето на изминатите:
- 1700 години од добивањето слобода на христијанството во 313 г. со „Миланскиот едикт“ на римскиот цар Константин Велики ;
- 70 години од холокаустот на евреите од Македонија за време на Втората светска војна ;
- 10 години од самитот „Дијалог меѓу цивилизациите“ на државите на Југо-источна Европа и Охридската порака за мир.
Со Миланскиот едикт се обезбеди слобода за делување за христијаните во Римското царство но нејзините последици се актуелни и за современиот свет и сите христијански деноминации.
Низ излагањата полни со неизбежни емоции и поезија се истакна дека евреите дури и во Отоманска Турција имаа повеќе сигурност и достоинствена позиција одколку во многу периоди во „цивилизираната“ Европа.
Борис Трајковски - председател на Република Македонија пред 10 години, ги собра водачите на нациите кои навлегле во конфликт иако порано меѓусебно се беа нарекувале братски. Со тоа се покажа дека и мала држава како Македонија може во бурно време да преземе иницијатива и одговорност за организација на така важна средба на која низ дијалог почнаа да се решаваат недоразбирањата.
Од тогаш, во континуитет се потврдува далековидоста и мудроста на потфатот на председателот Борис Трајковски низ мултилатералните средби кои следеа : 2004 г. во Тирана, 2004 Мостар, 2005 Софија. И Организацијата на обединетите нации одтогаш се повикува на Охридската средба по што во 2011 г. со промовира Декадата на ООН за меѓурелигиски дијалог.
Преминпортал(р.к.)
Скопје, 11.05.2013 год.