логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Sample Image

VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100 VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100 VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100
На 20.06.2013 година, на четириесеттиот ден од упокојувањето на Митрополитот Полошко- Кумановски г. Кирил, во прекрасната манастирската црква на св.вмч. Георгиј во с. Дељадровце, Митрополит Повардарски г. Агатангел, во сослужение на епископите г. д-р Јосиф Лешочки, г. Јосиф Велички, и свештенството од Полошко-Кумановската епархија, отслужи Архиерејска заупокоена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

После литургијата, Митрополитите Тимотеј и Агатангел, со епископите Јосиф Велички и Јосиф Лешочки отслужија парастос на гробот на блаженопочинатиот Митрополит г. Кирил.

 VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100 VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100 VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100

 VLUU L100, M100  / Samsung L100, M100

 Ваше Високопреосвештенство, Ваше Преосвештенство,
Драги браќа и сестри,

Ние христијаните, кога се сеќаваме на нашите блиски, кои се упокоени во Господа, велиме вечен да му е споменот.

Вечен да му е споменот велиме, зашто човекот живее се додека се сеќаваме на него, а човекот умира, тогаш кога ќе умре и споменот за него.

Еве денес, се собравме во манастирот посветен на светиот великомаченик Ѓорѓи во селото Дељадровце, за да отслужиме заупокоена литургија и 40 дневен помен на блажено упокоениот митрополит Кирил. Се собравме крај гробот на дедо Кирил, за да се помолиме за неговата душа, да си спомнеме за пастирот Полошко-кумановски, за архиерејот во Македонската Православна Црква, за човекот кој длабоко ги разбираше времињата кои минале, но и времињата кои доаѓаат. Тој беше единствена, неповторлива и исклучителна личност во нашата света Црква Македонска.

Би сакал, денес само на кратко, да се осврнам на личноста на дедо Кирил.

Toj беше еден од потписниците на одлуката за целосно возобновивање на афтокефалниот статус на древната Охридска Архиепископија, во лицето на денешната Македонска Православна Црква, но беше единствениот потписник, кој што најдолго живееше во радоста, радост кога се има своја црква, свое свештенство и свој народ.

А ние, како православен народ, како чеда и рожби на Охридската архиепископија, вечно сме му благодарни што повторно го запали кандилото свети Климентово.

Но, со потпишувањето на тој акт, дедо Кирил, како и сите тогашни членови на Светиот Синод, не задолжија сите нас, кој што денес живееме и работиме на нивата Господова. Не задолжија, да ја чуваме и да ја сочуваме афтокефалноста на нашата Црква, зашто ако тоа го изгубиме, нема да се знае, ни кои сме, ни што сме.

Тој аманет, денес покрај гробот на дедо Кирил, ветуваме дека ќе го чуваме се крајот и на нашиот живот.

Но, покрај аманетот да ја чуваме Црквата, дедо Кирил не задолжи многу и со неговиот пример како пастир и како човек.

Како старец во осмата деценија од животот, тој беше личност со карактер, потполно хармонизиран и некако складен, кој што делуваше како некоја симфонија и зрачеше со посебна харизма.

Во секој човек го бараше тоа што е добро, без оглед на судот на околината. А, Евангелието пак, го доживуваше на посебен начин, и кога го проповедаше, му даваше посебен печат со своите особини на складеност и хармонија, чувства и интуиција, при тоа давајќи им одмерен реалистичен пристап на сите тајни на животот но и смртта, кои се откриваат во Него.

Длабоко во него, како архиереј, знаеше дека секој човек е смртен, и дека уште од самото раѓање со себеси си ја носиме смртта. Велеше дека со раѓањето со една нога веќе зачекоруваме кон смртта и затоа треба да сме будни и да размислуваме како ќе заминеме од овој свет. За нас дедо Кирил, секогаш ќе остане пример, како се оди пред Господа, христијански и смирено.

Денес, стоејќи покрај вашето вечно почивалиште, гледаме дека не е важно човек колку ќе живее, туку како ќе живее и што ќе остави зад себе. Дедо Кирил остави многу дела, а тие се најголемиот и единствениот споменик што човек сам си го подига, направи дело со кое сите се гордееме и изгради спомен за себе пред својот народ и пред својата Црква овде на земјата, но и горе на небото. А, тој спомен е најтраен и вечен.
Возљубени во Господа,

Ова мое скромно сеќавање на дедо Кирил, нека биде и моја молитва за покој на неговата племенита душа.

Бог да Го прости и вечен да Му е споменот.

Sample Image

Извор:  http://josif.mk/?p=1200&lang=mk#more-1200

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/07/2026 - среда

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобната маченичка Февронија; Преподобен Дионисиј ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная