Soboren.sv.Fevronija13.jpg

Почитувани,

Со благослов на Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во спомен на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во петок (26. 7. 2013 г.), во Соборниот храм "Свети Климент Охридски" ќе биде отслужена Заупокоена литургија, со почеток во 8.30 часот и Панихида, со почеток во 10.00 ч.Се повикуваат верниците, блиските и пријателите на трагично загинатите, да земат учество во овој молитвен спомен.

од Кабинетот на Поглаварот на МПЦ