логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  Goran.Ilinden.jpg

 Скопје, 02 август  2013 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски 

  Goran.Ilinden.jpg

  Goran.Ilinden.jpg Goran.Ilinden.jpg

  На 2-ри август  2013 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот пророк Илија (Илинден), и светите Пречистански маченици , во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, презвитер Горан Стојчевски  одслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести  со Светите Христови Тајни. 

Од Илинденското послание кое беше прочитано на Литургијата:

 Goran.Ilinden.jpg

 (Извадок)

  • Прославувањето на секој црковен празник претставува спомен на некој настан или честву­вање на библиска или личност од историјата на Црквата, која дала значаен придонес во реализи­рањето на Божјата промисла за човечкиот род и за светот. Но празникот не е само обично сеќавање, туку, пред сè, поттик за постојано потсетување на настанот и личноста, правејќи ги на тој начин живо присутни во секое време. Токму затоа, ниту една значајна историска личност, која зад себе оставила богоугодни дела, не останува закопана во минатото. Таков е и светителот кого денес го чествуваме - светиот пророк Илија.

Свети Илија е истакната старозаветна личност. Со начинот на кој живеел и заминал од овој живот се покажал како богољубец, а бил удостоен и со присуство при Христовото преображение на гората Тавор. Бил праведник со непоколеблива вера и надеж во Бога, посветен на молитвата, за кого свети апостол Јаков говори: „Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод” (Јаков 5, 17 – 18). Поради верата и чистотата на срцето, бил повикан на пророчка служба, којашто ревносно ја извршувал 25 години. Како пророк, бил вистински духовен водач на народот – го предвестувал Христовото доаѓање, го поттикнувал народот да се стреми кон вистината и, кога тоа било неопходно, го укорувал дека скршнува по беспаќа. Таа улога на пророкот Илија не завршила со старо­заветната историја, туку тој и денес е со христијаните како избран новозаветен народ Божји, а така ќе биде до крајот на светот.

Возљубени чеда, потомци на славните илинденци,

Светиот пророк Илија е длабоко врежан во душата и свеста на македонскиот народ. Особено откако пред 110 години, на денешен ден, нашите предци го избраа токму него за предводник и закрилник во борбата за слобода. Востанието на Илинден од 1903 година беше израз на праведната желба и потреба за стекнување слобода, во која нашиот народ ќе може непречено да чекори по патот на вистината. Бог е Оној Кој, според зборовите на апостол Павле, ги опре­делува границите на живеалиштата на народите (сп. Дела 17, 26). Тоа значи дека секој народ има свое место на земјата и никој нема право тоа да му го одземе или негира. Затоа борбата за слобода не само што е оправдана и благословена, туку е и наша света должност, зашто ние имаме одговорност за даровите што ни ги дава Бог. А слободата е еден од тие дарови, кој со ништо не може да биде заменет.

За жал, илинденците не успејаа да ѝ ја донесат слободата на Македонија. Но тие го засадија копнежот по неа и на следната генерација живо ѝ ги пренесоа идеалите и вредностите за кои се бореа. Тие наши родољубиви и слободољубиви прадедовци нè научија и со збор и со дело како треба да ја градиме и чуваме слободата за да имаме благослов од Бога и напредок во животот. Преку Крушевскиот манифест ни оставија вечен аманет дека не е ни можно ни благо­словено својата среќа да се гради врз туѓа несреќа. Илинденците им порачаа и на друго­верните и на оние кои им припаѓаат на други националности дека македонскиот народ не се бори против нив, туку заедно со нив сака да изгради самостојна држава во која сите слободно ќе живеат и ќе придо­несуваат за благосостојбата и напредокот. Она за што светот во последно време на разни начини се бори да биде постигнато, Македонија го порача уште пред 110 години. Сите држави и организации, кои се трудат да ја реализираат идејата за мирен соживот во повеќенационално општество, можат да земат пример од Манифестот на илинденците.

  Goran.Ilinden.jpg

   Goran.Ilinden.jpg

 Goran.Ilinden.jpg

 Goran.Ilinden.jpg

 Goran.Ilinden.jpg

 Goran.Ilinden.jpg

 Goran.Ilinden.jpg

  Goran.Ilinden.jpg

Преминпортал (к.т.)

2- август, лето Господово 2013

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

14/06/2026 - недела

Петровденски пости; (на риба)

Преп. Јустин Ќелиски; Св. маченик Јустин Философ; Св. маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст; Преп. Агапит Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная