Скопје, 11.08. 2013 год.- храм Свето Благовештение
На 11 ти август 2013 година, во седмата недела по Педесетница, кога Светата Црквата молитвено го празнува споменот на светиот маченик Калиник и светата маченичка Серафима, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, во пригодната беседа, отец Душко го признесе значењето на седмата недела по Педесетница, укажувајќи и во денешни дни, на нашиот фарисејски однос, на однос кон ближниот, на присатната завист која ја пројавуваме по разни основи дури и кон своите најблиски, нашата несправедливост, која е помеѓу останатото плод и на нашите земни светогледи, кои во себе немаат ништо христијанско, а на Христос, не Му се мили нашите гревовни мисли и однесувања.
Преминпортал (к.т.)