Матка, 15-ти август 2013 год. -манастир Успение на Пресвета Богородица
На 15-ти август 2013 година, во манастирот Успение на Пресвета Богородица, во Матка, тивко, спокојно, љубовно... се читаа молитвите од Актистотот кон Пресвета Богородица .Повечерие е последна заедничка богослужба, пред повлекување на монахињите во нивните келии и отпочнување со исполнување на молитвеното правило.
.
Кој се надева на Бог, не се грижи повеќе за себе и било што да направи, во се ќе има корист за својата душа.
И нека знае дека предавајќи им се на невољите заради Бог, не секое место ќе пронајде спасение.
Божјата благодат ни се дава според нашата вера; за малку верба малку и
се дава; со поголема верба ќе се удостоиме и со поголема благодат за
трпењето.
Без Божјата промисла и без Неговииот план ништо не може да ни се случи. Бог од нас очекува само добра воља.
Но патиштата Божји се несфатливи; затоа е неопходно да ја спасуваш
својата душа со трпење, и оној кој што ќе претрпи до крај ќе се спаси
преку Исус Христос, нашиот Бог.
Нека Му е слава, сега секогаш и во сите векови. Амин. (Преподобен Пајсие Величковски)
Преминпортал (к.т.)
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
КОНДАК 4
Имајќи во себе бура на помисли сомневачки,
целомудрениот Јосиф се збуни
гледајќи Те, неискусобрачна,
за тајнобрачна мислејќи Те, Тебе, пренепорочна;
кога дозна дека од Светиот Дух е
Твоето зачнување, рече:
Алилуја!
ИКОС 4
Ја слушнаа пастирите ангелската песна
што го воспеваше плотското пришествие Христово,
та поитаа како при Пастир,
да Го видат кај лежи како Агнец непорочен,
одгледан во утробата на Марија,
запеаја и вака • прословија:
Радувај се,
Мајко на Агнецот и Пастирот.
Радувај се,
Трло на овците словесни.
Радувај се,
неволјо за демоните невидливи.
Радувај се,
отклучување на портите рајски.
Радувај се,
с¢ небеско со земното се радува.
Радувај се,
с¢ земно со небесното ликува.
Радувај се,
на Апостолите усто непремолчлива.
Радувај се,
на страстотерпците смелост непобедлива.
Радувај се,
на верата цврсто утврдување.
Радувај се,
на благодатта светло познавање.
Радувај се,
низ Тебе адот се разголе.
Радувај се,
низ Тебе во слава се облековме.
Радувај се, Невесто Неневестна!
(Повеќе)
15-ти август, лето Господово 2013