Скопје, 18-ти август 2013 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје , во осмата недела по Педесетница, на 18-ти август 2013 година, на празникот на светиот маченик Евсигниј, светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски, отец Климент Станковски отлужи Божествена Литургија. На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. По повод празникот отец Климент произнесе празнично слово.
Свети Дијадох, епископ Фотикиски
Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак, целиот човек наполно ќе се сврти кон Бог, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос, тогаш се разгорува огнот на божествената благодат до крајните граници на срцето, спалувајќи го јасно и видливо целиот какол на земјата на човековото битие...
Преминпортал (к.т.)