Света Литургија и прослава на независноста на Р.Македонија-
МПЦО Св.Кирил и Методиј -Дортмунд
Дортмунд,
08.09.2013 год.-
Далеку од родната Македонија многуброен верен народ од МПЦО Св.Кирил и Методиј -Дортмунд,денеска достојно со присуство на света Литургија и со мала прослава, го одбележа големиот празник 08.септември -Независност на Р.Македонија.
Македонците на овие простори покажуваат како се сака и почитува својата родна татковина.
Навистина денеска бликаше радост и сјај од очите на сите присутни од најстарите до најмладите. Црковната управа се потруди на сите да им овозможи забава, мал пикник,и многу игри за децата.
Само вака сплотени со љубов меѓу себе ке имаме напредок и успех ,како црква и како држава.
Вратите во оваа црковна општина се ширум отворени за сите македонци од оваа околина и секој, во секое време е добредојден и ќе биде достојно пречекан.
Нека ни е честита Независноста!
За Преминпортал: о. Душко Пецов