Скопје, 15.12.2013 год.- храм Свето Благовештение
На 15- ти декемри 2013 година, во дваесетипеттата недела по Педесетница, кога Светата Црквата молитвено го празнува споменот на светиот пророк Авакум, светата маченичка Миропија и преподобен Атанасиј, затворник печерски,, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, отецот во својата бесед ја протолкува параболата од денешното Евангелието.
Старец Софрониј
Духовното послушание е неопходно во секојдневниот живот! Да ја претпочитате волјата на другиот, повеќе, отколку вашата! Да го примите со потврден став секое барање на вашиот духовник, на еден брат или на една сестра, така што ќе создадете лека-полека, внатре во вас и околу вас една благопријатна атмосфера и вашето срце ќе стане многу меко, многу чувствително на секое внатрешно движење, на сите духовни промени. Со послушание, срцето постојано станува сè почувствително, за животот на другите, за нивните страданија, за нивниот напредок и за нивните потреби.
Преминпортал (к.т.)
15-ти декември, лето Господово 2013