логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Markov.2013m.jpg

 


     
Божикно послание (31.12.2013 17:07)

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

 
Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева;
Денес Беспочетниот влегува во времето,
и Словото се воплотува. Небесните сили
се радуваат, и земјата со луѓето се веселат

            (Божикна стихира)


Возљубени чеда во Господа,

Пред повеќе од две илјади години, кога се исполни времето, се случи настан што го преобрази и осмисли текот на историјата. Откако со непослушноста се оддалечија од својот Создател, луѓето ја заборавија смислата на своето постоење и тргнаа по пат што води кон целосно обезличување. Но Бог, со Својата татковска промисла и грижа, никогаш не нè напушти, туку „многупати и на многу начини им зборуваше на отците наши преку пророците, а во последниве дни ни зборува преку Синот“ (Евр. 1, 1-2). Неопходно беше Синот Божји да ја прими на себе човечката природа, за да му овозможи на секој човек соединување со Бога. Прославувајќи го денешниот празник, ние го празнуваме нашето осветување и обожување. Се радуваме затоа што ни е отворен патот за соединување со нашиот Отец небесен! Колку и да се трудевме, потпирајќи се само на сопствените сили, никогаш не ќе можевме да ја достигнеме совршената заедница со Бога, доколку Он не ни тргнеше во пресрет. Со неслиеното и неразделно соединување на Божјата и човечката природа во личноста на Синот Божји, Он нè прифати сите нас во Својата прегратка. Наше е да го отвориме срцето, да одговориме потврдно на неизмерната и надумна Божја љубов, и така да поитаме кон Неговата родителска прегратка.

Возљубени празникољупци,

Празникот на Христовото раѓање е мајка на сите празници и темел врз кој e изградено севкупното христијанско празнување. Тој е настан и празник на исполнетите очекувања, копнежи и надежи на човечкиот род. Без Божик немаше да има ни Велигден ни Духовден. Па и светителските празници би биле невозможни без денешниов празник. Чествувајќи ги светителите, Црквата, всушност, ја прославува тајната на Божјото вочовечување, бидејќи тие во својот живот ја исполниле целта на Христовото раѓање: „Бог стана човек, за да му овозможи на човекот да се обожи“ (св. Атанасиј Велики). Покрај ова, празниците имаат и една друга карактеристика – дa го осветуваат времето! Нивната величина е и во тоа што на чудесен начин, настанот на спасението го прават повторно присутен и стварен.
Луѓето по природа се празникољубиви бити-ја, па затоа наоѓале и наоѓаат различни поводи за празнување: почеток на годината, роденден итн. Но една од придобивките што човештвото ги доби со Христовото доаѓање, е токму осмислувањето на деновите и на времето што ни е дадено за живеење и работење. Прифаќајќи Го Христа во своите животи, ние веќе немаме потреба од измислување на бесмислени поводи за празнување, туку ја празнуваме нашата духовна слобода, активно учествувајќи во животот на Црквата. Знаејќи го сето ова, нашите предци ги избирале токму црковните празници за почеток на важни национални дела, покажувајќи дека празнувањето им значело живеење и живеењето им било празнување!

Возљубени чеда во Христа Богомладенецот,

При празнувањето на овој голем ден, но и на останатите празници, најважна е пред сè суштината на чествувањето. Целта на новиот народ Божји, на христијаните, не е распадливото привремено земно задоволство, туку небесниот, духовен и нов Ерусалим. Нашата ветена земја е Царството Божјо и затоа со вистинско духовно учество и одбележување на празниците, ние треба од ден на ден, од година во година, сè повеќе и посигурно да чекориме по патот на спасението.
Сето ова значи и дека одредени обичаи, кои се поврзани со црковните празници и се во согласност со православното предание, треба да се чуваат и да не се забораваат, зашто претставуваат прекрасна поврзаност и со минатото, но и со соборното радување во Господа.
Живееме во време, во кое од разни страни, особено на младите генерации, им се нудат бесмислени поводи за празнување. А штом поводот е бесмислен, штом не е во согласност со достоинството на човекот, тогаш и самото празнување е такво. Само пред неколку децении, безбожните режими воведуваа и промовираа празници кои би ги замениле големите христијански празнувања. Колкав и да беше нивниот труд, сепак, немаа успех, зашто од душата на човекот, Бог тешко може да се изгони. Денес, пак, многумина меѓу нас, во деновите кога црковни настани празнуваме и на државно ниво, заминуваат на најразлични места, заборавајќи дека празникот е за празнување со богослужби, духовни содржини и посети на свети места. Со тоа, пред сè, најнапред се понижува и омаловажува благочестивата христијанска традиција, а на нејзино место се воведуваат обичаи и начини на прославување на таканареченото модерно време. Покрај тоа, особено треба да внимаваме и на најновата туѓа културна, историска, економска и духовна експанзија, која во вид на најразлични содржини постојано го окупира нашето секојдневие, сакајќи да врати нешто од минатото, да нè научи на други навики, верувања и особини.
Слободата на изборот, во секоја смисла, треба да се почитува. Но православниот христијанин се покажува и потврдува не само со името, туку со верата и делата на православното живеење. Затоа, потребни се особено внимание и будност, како и верно чување и негување на христијанското предание, кое се пројавува во многубројните празници на Светата Црква. Тоа ќе нè зајакнува во верата, но истовремено е и најдобар начин за одржување и развивање на единството, и на црковен и на национален план.

Возљубени чеда на нашата света Црква,

Времето во кое живееме се одликува со многу предности и олеснувања во однос на минатите, но исто така и со многу искушенија и предизвици. Затоа, од исклучителна важност е на идните генерации да им ги предаваме христијанските вредности што ги примивме од нашите предци. Тоа најдобро ќе го сториме не само ако зборуваме и убедуваме, туку пред сè со нашиот личен пример. Она што децата ќе го научат во своите домови, во семејната атмосфера, тоа ќе им остане врежано во срцата. Треба да покажеме и постојаност, но и почит кон минатото, па конечно да обезбедиме верската поука целосно и постојано да биде присутна во нашите училишта. Имајќи предвид дека во основата на сите современи изопачувања, всушност, лежи себељубието, ние како одбрана мораме да ја поставиме христијанската несебична и нелицемерна љубов. Знаејќи го ова, постојано да ја имаме пред себе пораката од апостолот Јован Богослов: „Да не се сакаме со зборови, туку со дела и вистина!“ (1. Јн. 3, 18).
Прославувајќи го големиот и радосен празник на Христовото раѓање, да се потрудиме со богоугоден живот да Му го приготвиме на Богомладенецот сопственото срце, во кое ќе се роди и од кое ќе направи Свое живеалиште. Да се погрижиме и на овој и на сите празнувања во Господовата година да им ја разбереме смислата и пораката, не заборавајќи дека празнувањето, пред сè, е радување во Господа! А радоста во вечниот Богомладенец никој не може да ни ја одземе! (сп. Јн. 16, 22) Како народ, разделен во Татковината и раселен по светот, да се трудиме празниците да ни бидат денови за духовна радост и единство и да покажеме со верата и делата свои дека со нас е Бог и ние сме со Него!
Честит Божик и благословено Новото Лето Господово!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН

со членовите на Светиот архиерејски синод на
Македонската православна црква – Охридска архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

21/06/2026 - недела

Петровденски пости; (риба)

Св. Ефрем, патријарх Антиохиски; Преп. Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная