Скопје, 03.02.2014 год- храм на св. вмч. Георгиј Победоносец , на празникот на Преподобен Максим Исповедник и Блажениот Максим Грк
На 3-ти февруари 2014 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Максим Исповедник и Блажениот Максим Грк , во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во Скопје, презвитер Горан Тасески во сослужение на ѓакон Игор Настоски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преподобен Максим Исповедник
Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он има една волја.
Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и на патријархот. Но не се исплаши туку докрај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.
Преминпортал (к.т.)