На 14.02.2014 година кога Православната црква молитвено си спомнува за св. Трифун; св. Перпетуа, св. Фелицитате, св. Сатир и др. со нив, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Божествена литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка.
Традиционално и оваа година во с. Кучково се прослави св. Трифун со закројување на лозјето. На свеченоста чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кој изврши мал водосвет и ја прочита молитвата на св. Трифун.
Извор: Скопска епархија