Copy_of_IMG_6267

ВЕЛИКОПОСНА - ВЕЛИГДЕНСКА ПРОГРАМА 2014 ГОДИНА

За време на Велигденскиот пост, Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.СТЕФАН ќе богослужи или ќе присуствува на светите Литургии  во следниве храмови:

1 .Недела на Православието (09.03.2014) .... Соборен храм „Свети Климент Охридски“

2. Недела на Св.Григориј Палама (16.03.2014) ... „Света Петка “- Црниче

3. Недела Крстопоклона- (23.03.2014) ... „Раѓ. на Пресвета Богородица“ - Центар

4. Недела на Св.Јован Лествичник (30.03.2014) ... „Свети Архангел Михаил“ - Автокоманда

5.Недела на Св.Марија Египетска  (06.04.2014) ... „Св.вмч.Георгиј“ - Чаир

Свето Благовештение (07.04.2014) ...Златоустова литургија со Вечерна

6. Лазарова Сабота (12.04.2014) ... „Свето Вознесение“  - Маџари

7. Цветници (13.04.2014) ...  „Свети апостоли Петар и Павле„ - Ѓорче Петров

8. Велики Четврток (17.04.2014) ...  „Свети вмч. Димитриј“ - Скопје   

9. Велика Сабота (19.04.2014) ... ман. „Свети Наум Охридски“ - Радишани

Духовните академии ќе се одржуваат по отпустот на Светата Литургија.
Недела Сиропусна (02.03.2014) Вечерна – ЕДНОЦРКВИЕ во Соборен храм со почеток во 17.00 ч.

Од канцеларијата на Скопската православна епархија

 Copy_of_IMG_6285

 +++


РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИ ВО СТРАСНАТА И СВЕТЛАТА СЕДМИЦА ЗА ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН) 2014 ГОДИНА


-Страсна седмица:

14, 15, 16 АПРИЛ – Велики Понеделник, Вторник и Среда

07:30 часот – Утрена, Часови и Божествена Литургија на Предосветените дарови.

17:00 часот Последование Жениху.

17 АПРИЛ – Велики Четврток

09:00 часот – Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Св. вмч. Димитриј.“ По светата Литургија ќе се изврши Света тајна Елеосвештение во сите храмови.

18:00 часот – читање на 12 евангелија за Христовите страданија. Неговото Блаженство ќе богослужи во Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

18 АПРИЛ – Велики Петок

08:30 часот – Царски часови со Велика вечерна.

Околу 10:00 часот – изнесување на Светата Плаштаница. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Св. Петка“ – н. Црниче.

18:00 часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос.

19 АПРИЛ – Велика Сабота

09:00 часот – Света Василиева Литургија со Вечерна. Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Св. Наум Охридски“ – н. Радишани.

19/20 АПРИЛ – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН


23:00 часот – Воскресна богослужба. По опходот околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и објавата на Христовото Воскресение, продолжува Воскресна богослужба со Света Златоустова Литургија.

20 АПРИЛ

09:00 часот, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе богослужи Воскресна Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

11:00 часот – Второ Воскресение, со читање на Евангелието на повеќе јазици – Едноцрквие во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

-Светла седмица:


21  АПРИЛ – Велигден, втор ден


09:00 часот – Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.

22 АПРИЛ – Велигден, трет, ден

09:00 часот – Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Св. Петка“ – н. Црниче.

25 АПРИЛ – Источен петок (Балаклија)

09:00 часот – Неговото Блаженство ќе богослужи во храмот „Св. Јован Крстител“ – н. Капиштец.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!


Во Скопје, 2014 година

Од Канцеларијата на Скопската епархија