Скопје, 7- ми март 2014год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
Молитва:
Подај ни, Боже, барајќи ја Твојата прошка, да станеме нова твар во Исуса Христа, со нова цел и послушност кон Тебе и обновена решителност да живееме свој живот по Твојата волја, со благодатта Твоја. Амин.
КОНДАК 1 од Акатистот на Пресвета Богородица
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!
На 7-ми март 2014 година,според Типикот на православната Црква, во првата недела од Великиот Ппост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски;и преподобен Дамјан, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, во присуство на многубројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова, отец Трајче во сослужение на свештенството од храмот, отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На певницата , и оваа година како многу пати досега, псалтите од Македонската Православна Богословија Му принесуваа на Бога и Пресвета Богородица псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка
песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината
на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој
светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката
Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод
зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба
кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“