Иконографското ателје Св Теофил Струмички е основано во 2009, во манастирот Св Прохор Пчински, Донибрук, Австралија, со благослов на Неговото Преосвештенство, Владиката Петар.
Од тогаш студентите од ова атеље се воведени во светот на праксата и теоријата на античката Христијанска уметност од Византискиот период според Македонската Иконографска Школа.

Изучувањето на ова дисциплина, не е основана само на техничката вештина, туку взаемно на  раката, умот и срцето, сите споени во едно, ја водат самата личност на уметникот  над техничката умешност што е барана во повекето уметнички гранки.

 

 Ова изучување надминува се што е во рамките на стандардното и инициира раѓање на нова личност во самиот уметник, рагање на принципи кои можеби одамна се заборавени.
Така да, се надминува светот на четката и боите, и се преминува во светот на духовноста, преку чие изучување, воедно и проучување на  дисциплината и симболиката на оваа света уметност, се создаваат делата во ова студио.

 

Повеќе

 

Извор: Манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија