- Скопје, 12 март 2014год. - манастирска црква на св. вмч.Георгиј, Криви Дол
-
Денес, на 12 март 2014 година, во втората недела од Великиот Пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Преподобен Прокопиј Декаполит и ,Светиот маченик Агатангел Битолски во манастирската црква св.вмч. Георгиј во Скопје, презвитер Горан Тасески во сослужени е на ѓаконот Игор Настоски ослужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата вениот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Божествената Литургија отецот толкувајќи Од книгата Битие, произнесе беседа за положба на жената во Стариот и Новиот Завет.
Христос им рекол на Своите ученици: Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша и кој ќе се одрече од вас, од Мене се одрекува; а кој ќе се одрече од Мене, се одрекува од Оној што Ме пратил (Лука 10; 16). Преемници (наследници) на Апостолите се епископите, свештениците, игумените и Старците во малите братства. Според тоа, оној што им е послушен на апостолските преемници, послушен Му е на Самиот Христос, додека пак, оној којшто им е непослушен се одрекува од Христа. ( Старец Ефрем Филотејски)
Друго: