Скопје , 16-ти април 2014 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 16-ти април 2014 година, во втората недела од Великиот пост, на празникот на свети Никита Исповедник и свети Павле Неволник , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот, отец Трајче Петковски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
Апостолите, по Вознесението Господово, се вратија, како што е кажано во Евангелието, со голема радост (Лука 24, 52). Господ знае колкава радост им даде. И нивните души ја доживеаја таа радост. Нивната прва радост беше во тоа, што Го познаа Вистинскиот Господ, Исус Христос. Нивната втора радост е во тоа што Го возљубија Него. Третата, во тоа што го познаа вечниот небесен живот. И четвртата радост е во тоа што тие го сакаа спасението на сиот свет како за себеси. А потоа тие се радуваа оти Го познаа Светиот Дух и видоа како Он делува во нив. ( Свети Силуан Атонски)
Preminportal(k.t.)