Со работничко одело под расото, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Мандинија и Кинурија (југо-источен Пелопонез) г. Александар, се придружи во работата при обновувањето на манастирот на светиот Јован Претеча во Кинурија. Митрополитот, придружен од клирици и лаици пред некој ден дошол на манастирскиот посед, и непосредно ја помогнал изградбата на нова водоводна мрежа која би помогнала во наводнувањето и одржувањето на манастирските насади.



Во манастирот дошол со неговата бела „буба“, по која е препознатлив, а која ја користи за сето време од неговото архиерејско служење на Црквата во Грција.

 

 

 Попладнето Владиката приредил пасхална вечера за сите присутни.



Извор: Dogma.gr


Преземено од:Агапи