Во музичката програма настапија хорот „Драган Шуплевски“ и Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност, под водство на диригентот Саша Николовски-Ѓумар.
Статијата е прочитана 717 пати.
Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, денеска се поклони на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим.
Со молебенот на гробот на сесловенскиот просветител чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен, во придружба на отец Климент Мишањ од Пјаченца.
Во состав на државната делегација за молебенот на традиционалната манифестација во чест на основачите на првата словенска азбука Свети Кирил и Методиј, беа и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, и амбасадорите на Македонија во Рим и во Ватикан Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски.
Првпат по 1999 година, на молебенот на Македонската православна црква на гробот на Свети Кирил, присуствуваа амбасадорите на Бугарија во Рим и Ватикан Марин Рајков и Кирил Топалов. На чествувањето на гробот на Свети Кирил од Бугарската црква, попладне, според најавите, ќе присуствуваат македонските амбасадори Шамбевски и Јанкулоски.
- Ова е поклонение во рамки на бугарската делегација. Ние доаѓаме тука првпат, а вие доаѓате кај нас на нашето поклонение во 15 часот. Тоа е начело на еден чекор кој би можел да не одведе до едно постепено подобрување на дијалогот и наоѓање решение за општо чествување на општата историја, изјави Рајков.
Поклонението на гробот на свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.
Од 2007 година 24 Мај е и државен празник на Република Македонија.
Извор: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=5BBF44B2F0D28A4AB2A8EE5AF5A6DE59