логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка







   

 Zografski.m.Promo2.jpg

Zografski.m.Promo3.jpg

 Zografski.m.Promo3.jpg

    Во 2014 година, во  издание на Зографскиот манастир „ св.вмч. Георгиј Победоносеец“, Света Гора, Атон, а  во превод на Гоце Ристевски излезе на македонски јазик книгата на јеромонахот Висарион (Зографски) : ПРАВОСЛАВЕН ПОГЛЕД КОН ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ВАНЃА - која ја обелоденува заблудата на луѓето кои паѓаат во вакви душепогубни прелести. Оваа книга е напишана со јасна цел да го предупреди христијанското општество за огромните духовни опасности од измамата на оклутизмоти да потсети на убавината на вистинското православно Христијанство, кое единствено води кон Вечноста. Богословската содржина на книгата е заштитена како магистерска теза пред комисија од Богословскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски“,во Софија.

 Zografski.m.Promo3.jpg

  • Промоцијата  беше организирана под покровителство и со благослов на  Митрополитот Преспанско- пелагониски г.Петар, во Битола и во Скопје (во Соборниот храм), во присуство а и со учество  и на игуменот на Зографскиот манастир  архимандрит Амвросиј . Обраќајќи со соборно и со многу  љубов на присутниот верен народ , авторот на книгата  јеромонахот Висарион, укажа : „Кога почнав да пишувам книга за петричката врачка Ванѓа, една од моите најголеми желби беше колку што е можно повеќе луѓе да се запознаат со автентичното православно учење за бајачките, вражачките, гледачките и екстрасенсите. Бидејќи ние, современите христијани, не треба да се раководиме од површни псевдохристијански мислења, без разлика на тоа колку масовно тие се рекламираат во современите весници, списанија и електронски медиуми. Напротив, ние треба добро да го познаваме учењето на Христос, апостолите и на светите отци и на тој начин да се стекниме со правилен однос кон сите модерни феноменинаокултизмот, кои, за жал, денес стануваат се побројни. Бидејќи во суштина сите оние кои себе се претставуваат за бајачки, вражачки, гледачки и екстрасенси се лукави манифестации на темната духовност, која што се повеќе добива сили и популарност во нашето постхристијанско општество.“  Бог да им помогне на сите искрени луѓе кои се жедни за Вистина! Бог да нè води на потешкиот, но спасувачки пат кон Небесата!

  Zografski.m.Promo3.jpg

  Zografski.m.Promo3.jpg

 Zografski.m.Promo3.jpg

 Zografski.m.Promo3.jpg

   Благослов од Света Гора

Авторот, јеромонах Висарион е брат на Зографската света обител „Св. вмчк. Георги" Света Гора, од 2003 година. Ракоположен е за јеромонах во 2005 година. Во 2007 - 2008 година бил чреден свештеник во Ерусалим, во Спасо-Вознесенскиот манастир на Елеонската планина. Има две високи образованија: Магистер по теологија од СУ „Св. Климент Охридски" (завршува со одличен успех), и по економија во УНСС (спец. „Меѓународни економски односи"). Духовно чедо е на схиархимандритот Амвросиј, игумен на Зографскиот манастир на Света Гора.
Оваа книга е напишана со јасна цел да го предупреди христијанското општество за огромните духовни опасности од окултна измама и да потсети на убавината на вистинското православно Христијанство, кое единствено води кон Вечноста. Богословската содржина на книгата е заштитена како магистерска теза пред комисија од Богословскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски".
Бог да им помогне на сите искрени луѓе кои се жедни за Вистина!
Бог да не води на потешкиот, но спасувачки пат кон Небесата!

Zografski.m.Promo3.jpg

*
Zografski.m.Promo3.jpg

  •   Постои огромна разлика помеѓу високата духовност на светиите и окултната екстатичност на опседнатите од демони. При христијанската светост има слободно и благодатно заедничарење помеѓу Бога и човекот, додека кај окултно опседнатите (паѓањето во транс), има поробување на човечката душа, невидливо поврзување на човекот со демоните и груба принуда на човековата волја. Демоните не можат целосно да го опседнат човечкото тело, а делумно совладуваат само некои негови функции, затоа и се добива ефектот на „туѓиот глас" или дури испуштање на животински звуци. Затоа во една од книгите за Ванѓа има опис на токму тоа: „светица" 'ржи како куче, крши коски и им се заканува на блиските дека ќе им нанесе зло.

Моралните последици од слични демонски совладувања можат да бидат чести напади на гнев, бес, нетрпение и грубост, проследено со голем психички замор, главоболки, депресија, и сл. Овие големи нарушувања на човековата личност во сферата на наравственоста, како и длабоките заблуди поврзани со прашања за верата се логична последица од постојаната состојба на болна мистика и духовна прелест. Слични контакти на неподготвената човечка душа со невидливиот свет не само што ја искривуваат личноста, но и директно ја погубуваат, предизвикувајќи непоправливи нарушувања на психата и физиологијата на човекот.
Притоа на човека му е најтешко да се откаже од своите лични сетилни перцепции на невидливиот свет, бидејќи тој ги перцепира како такви кои доаѓаат од божествен извор. Но ако човекот не ја раскине оваа темна илузија, тој ќе биде заробеник на демоните не само во овој живот, но и во вечноста. А целта на бесовите е секогаш иста - што повеќе луѓе да бидат измамени и погубени.

  Zografski.m.Promo3.jpg

ВОВЕД

Претставата за Ванѓа меѓу нашите современици


Литературата за Ванѓа е доволно голема, но запознавањето со многубројните публикации за неа восхитува со својата еднообразност. Сето тоа се сведува на надворешен опис од настани и разговори, емоционални впечатоци и пофалби кон Ванѓа, без да се направат обиди за откривање на главното прашање, кој (или што) е вистинскиот извор на „феноменот". Ако пак понекогаш се прават такви обиди, тоа е повеќе во сферата на научната фантастика, а не врз основа на Светото Писмо и Православието, кон коешто божем Ванѓа се придржувала. Непознато е зошто, речиси сите автори, автоматски претпоставуваат дека нејзината дарба е од Бога, без да се дава каква и да е аргументација за тоа (и покрај тоа што постојат многу сведоштва за спротивното). И сега има луѓе кои ја нарекуваат Ванѓа „светица", „пророчица", „јасновитка", но при тоа тие не даваат никакви лефиниции (најмалку христијански) за секој од овие концепти, што е уште едно светло сведоштво дека на современиот човек му е потешко да ги разликува духовите и да се придржува кон автентичното учење на Христа.

  • Токму кон таков вид емоционално - панегирична литература се однесуваат десетиците книги за Ванѓа, напишани од К. Стојанова, Б. Цветков, В. Ангелова, Св. Дукадинов, Цв. Пешунова, Г. Костадинова, К. Милева, Л. Георгиев, В. Гобријанов, Д. Лимитрова и Б. Костадинов, П. Петкова, П. Баков и др.

Една од последните (до овој момент) книги за петричката вражачка е насловена: „Ванга светицата" а тоа е соодветен пример за огромно духовно незнаење, комбинирано со висока доза презир кон Христовата Црква (однос типичен за нашето неопа¬ганско време), како и бројни подигрувачки тврдења од типот на следниве: „Не е чудно што Ванѓа без проблем комуницирала со мртовци и со Вселенскиот разум. Нејзината душевна чистота и натприродна сетилност кон торзични полиња и го дозволиле тоа"; или: „Според истражувачите на паранормални феномени, постои информатичко енергетска бариера, којашто, при напуштање на физичкото тело, душата треба да ја премости, за да се пресели од нашиот свет во т.н. Надворешен. Трансферот станува во седум трансфизички дупки, од кои секоја одговара на духовноста на човекот". Ваквите тврдења би претставувале чест за секој самопочитуван писател фантазер, но никако и за човек кој барем малку е запознат со учењето на Христа Спасителот. Згора на тоа авторите се однесуваат позитивно кон „паѓањето во транс", премолчувајќи го фактот дека и самата Ванѓа се плашела да падне во транс. Кога пак ќе паднела во транс, тоа не било по нејзина волја, а после трансот таа не се сеќавала на ништо од тоа што се случило и се чувствувала лошо. Овие автори свесно го искривуваат и фактот дека информациите што ги добивала Ванѓа не се од некоја безлична „вселенска информативна банка", а целосно од личносни суштества кои самата Ванѓа најчесто ги нарекувала „сили" и „духови", и кои понекогаш зборувале преку неа, користејќи ја како бездушен предмет.
Освен слични трагачи на вистината меѓу торзичните полиња и трансфизичките дупки, наидуваме и на некои нејзини фанатизирани поклоници како П. Баков и неговата книга „На колена пред Ванѓа", како и насловот: „Пророчицата Ванѓа, единствената врска меѓу небото и земјата", иако и самата книга е излезена од почит кон Православието (што, за жал, авторката го разбирала доста површно). Би рекле дека од документарна гледна точка најмногу детали за Ванѓа има во книгите напишани од нејзината внука Красимира Стојанова, која поседува и магнетофонски снимки на некои од разгово¬рите со неа. Во Русија за неа пишувале В. Белјавска и уметникот В. Сидоров, кој е автор на неколку езотерични книги и кој е познат по својот интерес кон окултизмот. Но иако се напишани еднострано и од духовно нездрави позиции, сите овие книги содржат бројни неоспорни факти и вистински случки од животот на Ванѓа, кои треба да послужат како основа за една објективна анализа.

  • Единствената книга за Ванѓа (на бугарски јазик) напишана од православна гледна точка е книгата на магистерот по теологија Борислав Крачунов „Вистинското лице на Ванѓа". Врз основа на мноштвото анализирани факти, авторот, поранешен обожавател на Ванѓа, убедливо докажува дека таа е еден ду-ховно несреќен човек, жртва на нечистите демонски сили, кои дејствувале преку неа.

На руски јазик, по благослов на претходниот руски патријарх Алексеј II, беше издадена една мала книга: „Била ли Ванѓа православна?" Од игумен N, во која исто така се анализира длабоката бездна што ја одвојува гледачката Ванѓа од христијанската светост. Друга слична книга е „Ванѓа - вести од дното на пеколот" од архимандрит Варнава (Сатиров). Како што може да се види од самиот насловот, духовникот воопшто не се двоуми каде се наоѓа душата на Ванѓа. Во нашето истражување ние немаме за цел да ја утврдиме задгробната судбина на петричката вражачка, бидејќи Бог одамна ја решил, но ќе се обидеме да објасниме зошто активностите на Ванѓа претставуваат духовна опасност и на таков начин да ги заштитиме луѓето од поклонување пред злото (без разлика на тоа под каква скриена форма се јавува истото).
За Ванѓа се направени и документарни филмови и емисии, претежно на бугарски и руски јазик. Еве некои од нив:
„Ванѓа - прорицателката", подготвен од тимот на предавањето „Горешто", емитувана на 3 октомври, 2009 на Нова те¬левизија. На истата телевизија се емитуваат и други емисии за Ванѓа (пр. „Така рече Ванѓа", 1999, со учество на нејзината внука Красимира Стојанова).
„Ванѓа", 1996, режисер Стилијан Иванов. И до сега Сателитскиот канал на БНТ го емитува филмот неколку пати годишно, а Руската национална телевизија ОРТ, Стилијан Иванов го кани во најгледаните емисии.
„Феноменот", 1974, режисер Невена Тошева и професорот Никола Шипковенски. Неодамна (во 2006) беше напишана и книгата „Ванѓа - автентично" од Н. Тошева, според оригиналниот документарен запис од овој филм.
„Така рече Ванѓа", режисер Росен Елезов, емитувана во 2003 година, документарен филм на Тома Томов и емисијата „Набљудувач".

  • Малку поинаков е погледот на новинарката Светослава Тадаркова, која во почетокот на 2010 година во рубриката „Истрага со Светослава Тадаркова" на Би Би Ти, ги покажува врските на Ванѓа со некогашната Државна сигурност, а покрај тоа се обидела да побара документирана информација за некои важни настани од нејзиниот живот. Но, за жал, повторно недостасува вистинскиот духовен поглед, кој единствено може да го разјасни „феноменот" Ванѓа. Лесно се забележува на пример, дека Тадаркова покрај својата добронамерност при откривањето на факти, не прави јасно разграничување меѓу окултното, езотерично лажехристијанство и богооткровеното автентично Православно Христијанство. А во врска со односите на Ванѓа и Државна сигурност, сметаме дека Ванѓа поскоро била жртва на тогашниот тоталитарен политички режим, отколку што била некаков лукав агент на комплексни заговори. Последното едноставно не се вклопува во карактеристиките на нејзината личност; нема никаква основа да се смета дека таа била кодош.

Некои од документираните изјави на Ванѓа во однос на некои богословски прашања се анализираат и во предстојната студија, при што не се стремевме да ја изобличуваме и исмејуваме Ванѓа поради нејзините чисто човечки слабости - за тоа дека таа користи груб јазик и „плука" (дури и пред телевиз¬иската камера), дека е крајно необразована (прашува дали фараоните се Бугари или Грци); дека се држи грубо со духовни лица (на пример кон Неврокопскиот митрополит Натанаил) и др. Нема човек без грев, но е духовно опасно кога грешникот бива прогласуван за светец и гревот се прикажува како доблест.
Како целина, сите горенаведени филмови и емисии уште повеќе ја легитимираат Ванѓа во јавниот живот и свест (кај народот). При тоа тие (како и книгите за неа), исто така не одговараат на најважното прашање, кој е изворот на „дарбите" на петричката вражачка, а само констатираат дека „Ванѓа познава".

  • Загрижувачки е и фактот дека се зголемува бројот на екстрасенсите кои еден до друг се прогласуваат за наследници на Ванѓа и создаваат лажен впечаток дека дејноста на петричката вражачка е некаква позитивна духовна појава што заслужува почит, признание и подражание. Тоа е и целокупната насока и интелектуален став со кој работат повеќето бугарски новинари.

Како светли зраци крај оваа окултна темнина понекогаш се појавуваат (за жал, релативно ретко) и некои кратки, но значајни и оправдано критични статии за Ванѓа, пишувани од духовни лица, богослови и новинари како архимандрит д-р Павел Стефанов, свештеник Добромир Димитров, доцент д-р Димитар Поп Маринов, Николај Фенерски, Петар Марчев и др. Нивните критички статии и истражувања ќе помогнат за уште поцелосно и потемелно анализирање на „феноменот" Ванѓа.


  Zografski.m.Promo.jpg

 Заклучок.

Во почетокот на нашето истражување бевме си поставиле за задача да ја покажеме преку веродостојни факти вистинската природа на лажеучењата на Петар Д'нов и псевдодуховната активност на Ванѓа и на тој начин да помогнеме во разоткривањето на окултното (или езотерично) псевдохристијанство. Имавме за задача да го посочиме и библискиот и светоотечкиот критериум за вистина и светост, за да можеме објективно да ги оцениме Петар Д'нов и Ванѓа, користејќи божествени, а не човечки критериуми.

  • Во однос на активностите на гледачката Ванѓа, ние јасно ја покажавме огромната разлика помеѓу високата духовност на светиите и окултната екстатичност на опседнатите од демони. При христијанската светост има слободно и благодатно заедничарење меѓу Бога и човекот, додека кај окултните привлекува (испаѓање во транс), има поробување на човечката душа, невидливо поврзување на човекот од бесовите и груба принуда на човековата волја. Демоните не можат целосно да го совладаат човечкото тело, а делумно совладуваат само некои негови функции, затоа и се добива ефектот на „туѓиот глас" или дури издавање на животински звуци (во една од книгите за Ванѓа има сосема точен опис на ова: „светицата" 'ржи како куче, крши коски и им се заканува на блиските дека ќе им направи зло).

Моралните последици од слични демонски привлекувања можат да бидат чести напади на гнев, бес, нетрпение, суровост, проследено со голем психичк замор, главоболка, депресија и слично. Овие големи изобличувања на човечката личност во сферата на моралноста, како и заблудите по верски прашања се логична последица од постојаната состојба на болна мистика и духовна прелест. Слични контакти на неподготвена човечка душа со невидливиот свет не само што ја искривуваат личноста, но и директно ја уништат, предизвикувајќи непоправливи нарушувања на психата, та дури и физиологијата на човекот. При тоа најтешко му е на човекот да се откаже од своите лични сетилни перцепции на невидливиот свет, бидејќи тој ги перцепира како такви што доаѓаат од божествен извор. Но ако човек не ја раскине оваа темна илузија, тој ќе биде заробеник на демоните не само во овој живот, но и во вечноста. А целта на бесовите секогаш е иста - што повеќе луѓе да бидат измамени и погубени.
Во случајот со Ванѓа, треба со горчина да признаеме дека овие непријатели на човечкиот род имале и продолжуваат да имаат голем успех. Но дури и во овој момент секој од нас може да каже: „НЕ на поклонувањето пред лажесветицата Ванѓа; НЕ на поклонувањето пред злите сили!" Не треба да дозволиме христијанското општество да се поклонува пред една де-монизирана вражачка.
И конечно, повторно ќе повторам, дека повеќето совреме-ни нехристијански учења не се само природни човечки забуни, а се плод на заедничката активност помеѓу луѓе и паднатите духови. Петар Д'нов и Ванѓа не биле само длабоко заблудени луѓе, но биле и реални проводници на демонските сили. Ова го објаснува и нивното влијание врз луѓето (последново важи повеќе за Д'нов, кој ги имал и природните дарби на лидер), објаснува зошто нивните зборови содржеле во себе една посебна сила, која понекогаш речиси хипнотички влијаела врз луѓето, незаштитени од Божјата благодат. Токму затоа секогаш да се сеќаваме дека само со Божја помош можеме вистински да ги спречиме козните на злобата, само во Бога е нашето вистинско прибежиште и надеж.

  • Придонесот на сегашното истражување нема за цел да се каже нешто повеќе од Светото Писмо или светите отци на Христијанството. Придонесот е токму во строгото придржување кон нив, за да се разбере во полнота суштината на новојавените духовни предизвици и душепогубни лажеучења кои претставуваат огромна закана за современиот човек.


Ако ова истражување има некакво достоинство, тоа достоинство е во стремежот кон Вистината и Правосдавието. Бог да не чува од сето измислено, лажно и погубно! Господи Иисусе Христе, Сине Божји, помилуј не нас грешните! Амин!

    Zografski.m.Promo3.jpg

 Zografski.m.Promo1.jpg

  •  Друго:

 korica.za.vanga.jpg

 

  • Преминпортал (к.т.)
  •   29 јуни, лето Господово 2014

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная