На 07. 07. 2014 година, Раѓање на св. Јован Крстител - Иванден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Делчево, а во присуство на голем број православен народ, помеѓу кои и Градоначалникот на Општина Делчево г. Дарко Шехтански, освети и постави камен темелник за изградба на параклис посветен на„Св. Климент Охридски Чудотворец“ во Делчево. Ктитор на овој параклис е г. Слободан Дамјанов – приватен бизнисмен од Делчево, а ќе се гради на дел од локацијата на која во 1961 година, со одлука на тогашната нецрковна власт, е срушена црква, посветена на Свети Кирил и Методиј, основоположници на писменоста на нашиот и другите словенски народи, и ќе биде молитвен дар – принос пред севишниот Господ Бог за простување на гревовите на оние што одлучиле и оние што ја срушиле црквата.
Извор: Брегалничка епархија