- На 10. 08. 2014, на празникот пренос на моштите на Св. Климент Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Гостиварско архиерејско намесништво, изврши преосветување на храмот „Св. Никола“ во с. Печково – Гостиварско. По литургијата Митрополитот изврши осветување на новата крштелна во истоимениот храм.
Извор: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија