Скопје, 17-ти август 2014 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 17 -ти август 2014 година , во десеттата недела по Педесетница , кога Светата Црква политвено го празнува споменот на Светите седуммина младенци во Ефес , во скопскиот храм на Рождество на Пресвета Богородица, презвитер Спасе Тасески во сослужение на ѓаконот Зоран Велковски отслуши Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Свети Дијадох, епископ Фотикиски
Со разумното движење на душата, ние сме икона Божја. Телото, пак, претставува нејзино живеалиште. Но, со Адамовиот грев, не само што се осквернети цртите на оваа богосличност туку и нашето тело, малку по малку, паднало во тленост. Затоа се воплоти Словото Божјо, бидејќи Бог со Своето Крштевање ни ја даде водата на спасението заради преродба. Се преродуваме со вода и преку дејството на Светиот и Животворен Дух. Оттаму, се очистуваме и со телото и со духот – барем оние што се стремат кон Бог со целата своја волја – и тоа на тој начин што Светиот Дух се вселува во нас, а гревот бега од Него...
Preminportal (k.t.)