На празникот, ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА во Скопје
На 28 август 2014. г. кога во МПЦ ОА се прославува Успението на Пречиста Богородица,во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица во Скопје, о. Стојко Ристовски во сослужение на Деканот на Богословскиот факултет, проф. Ацо Гиревски, одслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
О. Ацо Гиревски во својата беседа подсети дека благодарение на промисленото одсуство на светиот апостол Тома на чинот на упокојувањето на Пресвета и неговата желба по три денови да го види Нејзиното пречисто тело; човечкиот род дозна дека нејзиониот гроб останал празен и дека Таа со тело е вознесена на небесата. Ниедно друго човечко име не е толку многу спомнувано како на името на Пресвета Богородица и Сегогашдева Марија .
О. Стојко Ристовски во својот благослов молеше да собереми сили и никогаш да не се замориме величајќи го Нејзиниот подвиг и секојдневно да се молиме за Нејзиното застапништво.
За Преминпортал,
Ратислав Кардалев