• На 08. 09. 2014 лето Господово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" во с. Лешок, Тетовско, ги прими Ректорот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, Деканот на Богословскиот факултет "Свети Климент Охридски", проф. д-р Ацо Гиревски и проф. д-р Ивица Зориќ, раководител на при духовно-културниот центар "Кирил Пејчиновиќ" во Лешочкиот манастир.

На средбата, одржана на денот кога се празнува прогласувањето на независноста на Република Македонија, беше остварена најавената донација во книги за новоформираната библиотека при центарот, која во име на Скопскиот универзитет ја предаде ректорот, проф. д-р Велимир Стојковски. Од своја страна, митрополитот Јосиф срдечно се заблагодари за овој дар, кој симболично се предава на денот на македонската независност и претставува показател на неколкугодишната одлична и блиска соработка меѓу две важни институции, столбови на македонското опстојување - Македонската православна црква и УКИМ.

 






 





 

 

 За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија