Денес, кога Македонската православна црква, молитвено го слави споменот на преподобен Пимен Велики, во манастирската црква Успение на Пресвета Богородица, во Матка, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Божествена Литургија.
Честит именден Владико! ...Бидејќи светлината и во темнина свети и темнината не ја обзеде...
Ава Пимен говорел:„ Нема поголема љубов од оваа: некој да ја положи душата своја за своите пријатели. Кога некој ќе слушне нешто лошо, т.е. некаков навредлив збор, може да возврати со сличен збор, а не возвраќа, туку се воздржува, и кога некој ќе биде излажан и ќе го поднесе тоа, без да го замрази оној што го лаже- тој ја положува душата своја за ближниот.“
9-ти септември, лето Господово 2014