Во недела на 5-ти октомври 2014 лето Господово, кога нашата света Македонска Православна црква го празнува празникот, Собор на сите Македонски светители, во катедралниот храм посветен на светите Апостоли Петар и Павле во Краун Поинт, Индијана, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше нашиот Митрополит, Американско - канадски г. Методиј.
- На светата Литургија се случи една голема и духовна радост. Имено нашиот Митрополит, го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Драган Јорданов.
Исто така овој ден ќе се запише како историски ден за оваа наша Македонска црква, бидејќи од денес па натака отецот Драган Јорданов ќе биде и вториот парохиски свештеник за црковната заедница во Индијана, со што се покажува дека духовниот и литургиски живот напредува во нашите цркви во дијаспората, особено во нашата света епархија за Америка и Канада.
- Го молиме нашиот Спасител да продолжат ваквите радости и во останатите цркви во нашата епархија бидејќи за побожниот и благочестив македонски народ на северноамериканскиот континент ни се потребни и добри пастири.
Извор: Американско- канадска епархија