На 06. 07. 2007 година, кога Светат Црква го празнува споменот на светата маченичка Агрипина, во храмот посветен на света Петка во Скопје се отслужи Божествена Литургија со која чиноначалствуваше отец Зоран.

Житие:
Светата маченичка Агрипина
Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, се дури не и ги скрушија коските. И се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника и ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.