Jovo.jpg  Jovo.jpg

  •     Скопје, 14-ти ноември   2014 год.-  храм на св. Петка на празникот на +светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј

Jovo.jpg

 Jovo.jpg

Jovo.jpg

  •   На 14 -ти ноември  2014 година, во дваесет и втората  недела по Педесетница ,  кога Светата  Црква  молитвено го слави споменот на +светите Козма и Дамјан, светиот маченик принцот Ерминигелд, преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј,  во   храмот посветен на св. Петка во скопската населба Црниче, отец Јован Ристовски    отслужи  Божествена Литургија.  Многубројниот верен  народ се причести со Светите Христови Тајни.

  Jovo.jpg

 Jovo.jpg

   

Evag.za.deca1.jpgСвето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 36)

Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.“ Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“

 

 

Jovo.jpg

Jovo.jpg

Свети Јован Лествичник

  • Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите на болката ги претвара во солзи на радост.

 

Jovo.jpg

Jovo.jpg

Jovo.jpg

Jovo.jpg

Jovo.jpg

Jovo.jpg





 

Jovo.jpg

Jovo.jpg

   Преминпортал (к.т.)