- На 05.12.2014 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во склоп на чествувањето на Св. Климент Охридски, беше одржана свечена академија. На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во кое ја нагласи неопходната потреба на целокупното наше општество да го чува и да оди по патот, трасиран од нашиот свет отец Климент Охридски. На свеченоста беа присутни и митрополитите г. Петар преспанско - пелагониски и администратор австралиско - новозеландски и г. Агатангел повардарски, деканот заедно со професорите и студентите, како и останати гости. На свеченоста беше промовирана илустрираната монографија ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ (1977-2012) чиј автор е деканот на факултетот проф. д-р Ацо Гиревски. Во оваа пригода им беа доделени дипломи на новодипломираните студенти.
Извор: Скопска епархија