Света Архиерејска Литургија во Дортмунд на ден 14.12.2014г.
- На 14-ти декември 2014 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Светиот пророк Наум; Свети Филарет Милостив; во храмот на св. Кирил и Методиј , во Дортмунд СР Германија , се отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен.
На светата Литургија присуствуваше многу броен верен народ и многумина се причестија со Светите Христови Тајни. Прекрасната беше глетката да се видат многу верници собрани околу својот Епископ.
- Каде и да сме по светот ние сме сепак Македонци и верата треба да не оддржува во живот и сплотени заеднички.
На
Св.Литургија присуствуваше и градоначалникот на општината г.Рудигер
Шмит,и потпретседателот на ЕС на Европската Епархија г.Васе Шопов од
Хамбург.







