Матка, 25-ти декември 2014 год.- манастир Успение на Пресвета Богородица
- На 25-ти декември 2014 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски, во женскиот манастир посветен на Успение на Пресвета Богородица, свештеникот Виктор Стојчев отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата отецот произнесе беседа во која направи забелешка на начинот на прослава на празниците, кои се повеќе се трансформираат во раскош, во „свети шопинг’. Потоа, да ние мораме да го сочуваме она што е наше, православно и забележа, да често, палењето на свеќите е декорација а не принесување на светлина пред Бог. Упати повик да сведочиме за Вистината и тоа сведоштво го пренесуваме и на другите.
УТРЕНА БОГОСЛУЖБА
Старец Софрониј
- Секое нешто што го здобивате преку вашиот внатрешен подвиг, се одразува врз вашиот живот во Бога. Борете се против секоја страст која предизвикува во вас помисли на осудување против ближниот. Не го примајте она што непријателот ви го подметнува против оној што е неправеден со вас. Било да сте сами во вашата келија, било со други, секоја помисла на осудување, секој негативен внатрешен двиг, создава пукнатина во вашата духовна тврдина и во тврдината на братството. Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици! Со добри помисли за секого што ќе го сретнете, ќе можете да откриете возљубена личност. Наспроти ова, со лоши помисли, вашето лице, вашите душевни сили, ќе ги потресат вашите односи со другите и ќе влијаат врз вашата околина. Кога благодатта е во вас, тогаш не ги гледате маните на другите, туку само страданијата и љубовта на браќата.
БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА
Преминпортал (к.т.)