Некогаш на Света Гора имаше еден монах, кој живееше во Кареја. Пиеше секој ден, се опиваше и стануваше причина за скандали со поклониците. Еден ден тој умре и со олеснување некои верници отидоа при старецот да му казат, радувајќи се дека најпосле тој проблем е решен.
Отец Пајсиј им одговори дека знае за смртта на монахот, бидејќи веќе ги видел ангелските војски, кои што дошле да му ја земат душата.
Поклониците збунето негодуваа а некои од нив го молеа Старецот да им објасни за кого точно им зборува, мислејќи дека не ги разбрал.


Отец Пајсиј им го раскажа следното:
“Тој монах се роди во Мала Азија пред катастрофата кога турците ги собираа сите момчиња. За да не го земат од семејството, неговите родители го зедоа со себе на жетвата. За да не плаче и да ги издаде, му ставаа малку ракија во млекото, за да спие. Поради тоа кога порасна се пристрасти кон алкохолот. Лекарите го посоветуваа да не создава семејство и тој отиде на Света Гора и стана монах. Таму најде старец и му кажа дека е алкохоличар. Старецот му одреди правило: да прави поклони, да кажува молитви и да Ја моли Пресвета Богородица за помош, да ги намалува чашките алкохол со по една, кога пие. По едногодишна борба и покајание успеа да ги намали чашите вино што ги испиваше на ден, од дваесет на деветнаесет. Борбата продолжи со текот на годините и достигна до две – три чаши, со кои што тој пак се опиваше...”
Луѓето години на ред гледаа монах алкохоличар, кој правеше скандали со поклониците, а Бог гледаше борец кој се бори, кој со големо усрдие се трудеше да ја намали својата страст.
Со какво право го осудуваме оној кој се труди, без да знаеме за неговото усрдие.

 

Извор; Житија на Светиите