логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

Скопје, 13-ти септеври 2015 год.-  храм на св. Јован Кристител, н. Капиштец- На Празник на појасот на Пресвета Богородица  

[youtube height="350" width="520" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=TJDuo2Mr3LE[/youtube]

 

 
"На 13.9.2015 година во манастирската црква на свети Јован Крстител во Капиштец, Скопје, со Архиерејска Божествена Литургија со која чиночалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештенослужители од Скопската православна епархија, а во присуство на г. Велимир Стојковски ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, протоереј Ацо Гиревски декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, декани и продекани од УКИМ, како и студенти од богословскиот и други факултети, започна првиот академски час на студентите од Скопскиот Универзитет. На Литургијата во чин ѓакон беше ракопроизведен асс. м-р Георгиј Глигоров, професор по предметите на Стариот Завет."

 

 

 

[youtube height="350" width="560" align="left|right|none"]https://www.youtube.com/watch?v=5JY6bKaIlBU[/youtube]

 


По отслужената Литургија со Молебен судентите заедно со своите професори се помолија за призив на Светиот Дух и благословена нова академска година.

 

 

 

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС  

                 
СЛОВО на Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, протопрезвитер, проф. д-р Ацо Гиревски





              ПЕТНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ДУХОВИ
 
      Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
       Благочестиви христијани,
Според календарот на Црквата денес е Петнаесетта недела по Духови. На Литургијата беше прочитан еден дел од Еванелието според Матеј (зачало 92), којшто се однесува на двете најголеми новозаветни заповеди. И како што носи редот да го протолуваме тој евангелски текст.
Богочовекот Исус Христос за време на Неговата јавна служба, која траела три и пол години дал повеќе заповеди, кои се запишани во Светото Евангелие. Тоа се заповедите за: милостината, молитвата, постот, простувањето и уште многу други, но сепак, кога еден законик го прашал: „Учителе, која заповед е најголема во Законот?“, Исус му одговорил: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е првата и најголемата заповед; а втората е слична на неа: возљуби го својот ближен како себеси; на тие две заповеди се крепи целиот Закон и Пророците“(Мт. 22, 34-40).
Според овие зборови произлегува дека љубовта кон Бога и кон ближниот го усовршува целиот старозаветен закон. Така објаснува Св. ап. Павле, говорејќи им на Римјаните за христијанските правила за живот, и како теба да се сакаат блиските, вели: „Љубовта е исполнување на Законот“ (Рим. 13, 10). Тоа значи љубовта е над сите забрани и заповеди, зашто таа прави повеќе отколку што се бара и заповеда.


Што значи да Го сакаме Бога? Тоа значи да Го сакаме како она што најмногу се сака; да Го сакаме повеќе од сè, односно повеќе од светот. Да Го сакаме Бога со сето наше срце значи - да Му ги даруваме сите наши чувства, сите благородни и нежни чувства на нашата душа; да се претвориме во една мисла и во едно чувство: со еден збор сецела љубов кон Бога. Највидниот израз на нашата љубов кон Бога се: молитвата и извршувањето на Божјата волја.

А како ќе ја протолкуваме втората заповед: „Возљуби го својот ближен како себеси“? Пред сè, потребно е да Го сакаме богочовекот Христос, како ближен, кој ни е и најмил и најблизок, а преку Него, откако ќе ја доживееме оваа најголема љубов, да почнеме со таква љубов да ги љубиме и нашите ближни. Ако Го љубиме Исуса Христа како наша најголема и највозвишена Љубов, тогаш ги љубиме сите оние што Он ги љуби и за кои го жртвувал Својот живот на крстот. На овој начин, двете најголеми евангелски заповеди не обврзуваат да Го љубиме Богочовекот, љубениот Посредник меѓу Бога и луѓето. Без љубовта кон Него, нашата љубов кон Бога и спрема луѓето не може да биде ниту вистинска, ниту целосна.

Новата заповед за љубовта кон луѓето претставува највозвишена Христова благовест.Неговите зборови: „Љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат“ (Лука 6: 27), не треба да се цитираат одвоено од Неговата благовест во целина. Христовата благовест за љубовта, нераскинливо е поврзана со реалноста. Таа може правилно да биде разбрана и протолкувана токму во оваа светлина. Неговата љубов кон луѓето во никој случај не била фантазирачка или идеализирана љубов.

Има уште една разлика во Христовата љубов која е динамична, наместо старозаветната заповед:„Не му прави зло на ближниот, то ест она што не го сакаш за себе (Товит 4,15), Хрситос вели: „Прави им го на другите она што сакаме нам да ни прават (Матеј 7,12). Тоа е ново разбирање на љубова и нова заповед што ја донел Господ Исус Христос. Самиот рекол: „По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јн 13, 35).

Исто така, поимот добро разбрано во светлината на новозаветната наука е само она што е спасоносно. На пример, не сѐ што на прв поглед е непријатно е на наша штета, ниту пак она што ни е пријатно е секогаш полезно за нашата душа.

Во што се состои љубовта кон ближниот? Еве неколку најкарактеристични пројави на таа љубов.
Прво: Во правичноста – Тоа е развиено чувство на ред секому да се даде она што му припаѓа, според зборовите на светиот апостол: „Кому данок – данок, кому страв – страв, кому чест – чест, и да не должиме никому ништо, освен да се сакаме еден со друг, зашто оној што го сака ближниот го исполнува Законот (Рим 13, 7-8).
Понатаму, вистинската љубов кон ближниот се пројавува  во мирољубивоста. Свети апостол Павле вели: „Доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Рим 1218), а псалмопевецот рекол: „Колку е убаво и пријатно браќата да живеат заедно“ (Пс 132,1).
Искреноста, исто така е, знак на љубов. Под искреност разбираме таква душевна наслада секогаш и секому да се кажува вистината. Доколку во некој момент не можеме да ја кажеме, тогаш подобро е да молчеме, отколку да лицемериме.

И сочувството, сострадание кон луѓето е израз на вистинска љубов. Христовата љубов е заснована врз состраданието кон луѓето. Тоа е живот, па дури и страдање и смрт со луѓето. Неговата љубов не само што ја гледа потребата на човекот, туку и размислува, како да му помогне. Таа не може да се ограничи само со знаење на таа потреба, без да би ја зела лично врз себе. Исус Христос ја излева Својата љубов и врз митниците и грешниците. Он не само што ги повикува кон Себе, туку и Самиот оди кон нив. „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом“ (Лука 19: 5). Он ги нарекува Свои браќа несреќните луѓе, кои претрпеле слом во животот. Он се препознава Себеси внатрешно поврзан со нивната судбина, па затоа смета дека Нему лично Му е направено она зло, кое е направено и на Неговите најмали браќа. Таа лична поврзаност со сиромашните и угнетените, го поттикнува и Него, како слуга да им се приближи на учениците и да им ги измие нозете. Он не дошол Нему да Му служат, туку да им послужи на другите. Со сиромашните Он сака да биде сиромашен, со гонетите – гонет, со искушуваните – искушуван, со оние кои умираат – распнат. Он сака да ја прими во Себе и ја носи со Себе сета човечка мака, зашто само Он единиот е способен да го направи тоа. Токму во тоа, Христовата љубов се покажува како љубов на Искупителот.  

Вистински човек е оној што може со нажалениот да жали со радосниот да се радува. Истакнувањето на сиромашните и несреќните од Христос се излевало од Неговото срце, од потребата за сострадание, која не може да поднесе ситост, кога другите гладуваат, ни радост, кога другите се жални. (Погледнете ги бегалците). Христовата љубов кон страдалниците – тоа е, едноставно, внатрешна потреба, изразена во Неговите зборови: „Бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец“ (Лука 6: 36). Свети апостол Павле вели: „Радувајте се со радосните и плачете со расплаканите“ (Рим 12,15). Сочувството бара и пружање помош, таму  каде е потребна. „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“ (Матеј 5,7).

Сепак, најсилен доказ за пријава на љубовта кон ближниот се состои во способноста да простуваме навреди и тоа, според зборовите Христови, не седум пати, туку седум по седумдесет (Матеј 18,22). Молитвата која најчесто ја кажуваме (Оче наш...) содржи прозба: опрости ни ги нашите долгови, како и ние што ги проштеваме на нашите должници.

Христос го забранува секое брзо расудување и привремена осуда. „Не судете, за да не бидете судени“ (Матеј 7: 1); „Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш?“ (Матеј 7: 3). Христос ги укорил Своите ученици, кога тие сакале да донесат оган врз неверните (незнабожечките) градови (Лука 9: 54-56). Христос не сака да суди дури ни тогаш, кога луѓето Го мачат и жалостат. Он само сака да им простува на оние, кои се покајуваат, ќе повторам: „Не ти велам до седум, туку до седумдесет пати по седум“ (Матеј 18: 22).
И конечно, нашата љубов кон ближните се изразува: во добри и милосрдни дела, во зборови и мисли. Почнувајќи кон оние што се околу нас, а потоа кругот да се шири и да ги опфаќа сите луѓе и тоа од сознание дека сите ние сме чеда на еден небесен Отец.


А, сето тоа треба да го правиме во името на нашиот Господ Исус Христос, Кому нека е слава, постојано, сега секогаш и во вечни векови. Амин!

 


Капиштец, 2015

Скопје, 13-ти септеври 2015 год.-  На Празник на појасот на Пресвета Богородица   

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

28/01/2025 - вторник

Преподобен Павле Тивејски; Преподобен Јован Кушчник (Колибар); +Преподобен Гаврил Лесновски ; Светиот маченик Пансофиј; +Преподобен Прохор Пчински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная